Vrabotuvanje.com - Референт за набавка - Велес - ПИ Кристал 1923 а.д.
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Референт за набавка

Велес

Рок за пријавување:

  • ПИ Кристал 1923 а.д.
  • Адреса: Алексо Демниевски 18, 1400 Велес

Прехранбената индустрија „ПИ Кристал 1923 АД Велес“ од Велес веќе 100 години е синоним за квалитет. Нема домаќинство во Македонија во кое нашите производи немаат свое место. Денеска ПИ Кристал 1923 АД Велес е модерен прехранбен капацитет, во кој целокупниот производствен процес се одвива во строго контролирани услови што претставува најдобра гаранција за безбедноста и квалитетот на секој производ кој излегува од нашата фабрика.

 
Во моментов, имаме потреба од вработување на:

 
РЕФЕрент за набавка
 
 

Одговорности и задачи:

  • Процесирање на барања за набавка
  • Контакт со домашни и странски добавувачи
  • Барање на најповолни понуди од добавувачи согласно потребите на компанијата
  • Изготвување на порачки кон домашни и странски добавувачи
  • Внесување и ажурирање на порачки во интерен систем
  • Следење на порачки, испорака и документација од добавувачи
  • Комуникација и координација со други оддели во компанијата
  • Обезбедување на увозни документи од странски добавувачи
  • Следење на интерни процедури за набавка
  • Одговорност за доверливоста и безбедноста на информациите со кои располага

Потребни квалификации:

  • Високо образование
  • Задолжително познавање на англиски јазик, писмен и говорен (познавање на германски јазик ќе се смета за предност)
  • Способност за ефективна говорна и писмена комуникација
  • Способност за брза реакција согласно променливите деловни потреби
  • Самоиницијативност и способност за самостојна работа
  • Тимска работа
  • Позитивен пристап
  • Способност за работа во динамична работна средина, под притисок и во кратки рокови
  • Компетенции во користење на програмите на Microsoft Office и различни софтверски алатки

Личен профил:
  • Одлични услови за работа во креативна средина
  • Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенијa
 
Сите заинтересирани кандидати, својата Професионална Биографија можат да ја достават преку полето Брза Апликација. 

 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде