Vrabotuvanje.com - Лиценцирани брокери - Скопје - М БРОКЕР АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Лиценцирани брокери

Скопје

Рок за пријавување:

  • М БРОКЕР АД
 

Осигурителното брокерско друштво М БРОКЕР АД Скопје е акционерско друштво овластено за вршење на осигурително брокерски работи со дозвола број УП1 – 14 – 1 – 52 од 07.04.2022 година издадена од Агенцијата за супервизија на осигурување. М БРОКЕР АД Скопје е основано од МФГ Бугарија, групација која е предводник во небанкарските финансиски услуги на пазарот во Централна и Источна Европа со повеќе од 8.300 вработени и соработници, лоцирани во повеќе од 450 канцеларии во Бугарија, Украина, Романија, Полска, Шпанија и Северна Македонија.

Мисија

Ние сме водени од технологија, иновативност и грижата за нашите клиенти и постојано сме посветени на создавање на иновативни и креативни решенија за овозможување одлично корисничко искуство за нашите клиенти и партнери.

Препознавајќи го динамичниот начин на живот во денешното модерно општество и притоа ценејќи го времето на нашите клиенти, нашата мисија е да бидеме првиот избор кај македонските граѓани при потреба од осигурување, како поради грижата и вниманието, така и поради брзината, удобноста и достапноста на нашите услуги.

Стратегија

Нашата стратегија е да бидеме брзи и едноставни во комуникацијата со нашите клиенти и секогаш достапни за нив како преку Продавниците за полиси на М Брокер и Продавниците за пари на М Кеш, така и преку онлајн каналот за продажба.

Поради проширување на тимот  имаме потреба од 

Лиценцирани брокери

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено високо образование;
  • Поседување лиценца за осигурителен брокер;
  • Претходно работно искуство во областа ќе се смета за предност;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Oдлично познавање на MS Office;
  • Поседување возачка дозвола Б - категорија.

ОДГОВОРНОСТИ

  • Изготвување планови за продажба и грижа за нивното дневно/месечно/годишно исполнување
  • Изградба на мрежа на агенти и грижа за дневните/месечните/годишните цели на подружницата
  • Продажба на осигурителни полиси и комуникација со постоечки и потенцијални клиенти;
  • Постојана анализа на пазарот, анализа на потребите на клиентот, подготовка на понуди и презентирање пред клиентите
  • Запознавање на клиентите со осигурителните услуги кои ги нудиме и презентирање на нивните права и обврски
  • Административно водење на целокупната документација на друштвото и архивирање
  • Водење грижа за подружницата согласно законските регулативи

ОЧЕКУВАНИ СПОСОБНОСТИ И ВЕШТИНИ:

  • Самоиницијативност
  • Ажурност во работење и  навременост
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Професионален однос
  • Комуникациски и организациски вештини
  • Способност за идентификација на проблеми

НИЕ НУДИМЕ

  • Компетитивна плата
  • Пријателска работна атмосфера
  • Динамична и одговорна работа со постојан раст
  • Работа со тим од професионалци и индивидулаци, кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација
  • Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа


Испратете го вашето CV и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Банкарство изнесува 34.278 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде