Американската компанија „Епл“ е компанијата на која луѓето низ светот најмногу ѝ се восхитуваат веќе 14. година по ред, открива нов извештај на „Форчун“. Компанијата ги произведува некои од најсаканите технолошки уреди на корисниците, како телефоните „ајфон“ и компјутерите „мек“.
На листата се наоѓаат 332 компании, а меѓу првите 30 убедливо доминираат американски корпорации. Најпопуларните 10 компании се од оваа држава, а помеѓу нив се и „Амазон“, „Мајкрософт“, „Старбакс“, „Алфабет“ и „Нетфликс“.
Гледано по индустрија, меѓу најдобрите компании има такви што работат во областа на технологијата, интернет-продажбата, забавната индустрија, прехранбена и други.
10 најпосакувани компании во светот
1. „Епл“
2. „Амазон“
3. „Мајкрософт“
4. „Волт Дизни“
5. „Старбакс“
6. „Беркшир Хатавеј“
7. „Алфабет“
8. „ЏП Морган Чејс“
9. „Нетфликс“
10. „Костко холсејл“
Прогласени најпосакуваните компании во светот за 2021 година
Актуелно
-
Зошто богатите во Европа пијат поевтина „кока-кола“?
Иако пазарот на ЕУ е унифициран, цените на основните прехранбени производи се различни. И излегува дека исто толку колку е поголем и побогат пазарот, толку е поевтина храната. А сиромашните плаќаат значително повеќе.
-
Вчера се расипал возот за Гевгелија па утрово немаше воз за Скопје
Еден воз на Македонски железници се расипал вчера, патничкиот воз од Скопје за Гевгелија, па денеска луѓето што планираа да патуваат од местата од Гевгелија кон Скопје останаа на железнчките станици. Македонски железници и натаму пропаѓаат во време кога низ светот патниците се повеќе користат брзи возови затоа што тие се движат побрзо од автомобилите, а во Македонија возат побавно од брзините од минатиот век.
-
Тутунарите тријат раце, ќе има добра берба
Според последните извештаи од Државниот земјоделски инспекторат, благодарение на поволните временски услови, оваа година се очекува значително подобро производство на тутун во споредба со претходните години.
-
ПЛАТИТЕ НА АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ ТОНАТ: Истражувањата утврдија дека постојано паѓа нивното учество во Буџетот
Платите на вработените во јавниот сектор низ годините имаат се помалу учество во вкупниот буџет кој државата го троши. Ова го покажала анализата на Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, кој исто така утврдиле дека во период од 2010 година па се до 2020 година платите за вработените се намалиле.
-
Еве кои работни места во Германија се најдобро платени, а кои најмалку
Во ниту една друга професионална група работниците не заработуваат толку малку како во секторот за...
-
Оценките за девојчињата веќе нема да се пишуваат исто како и за момчињата: Наместо „одличен“ ќе пишува „одлична“
Оценките за девојчињата веќе нема да се пишуваат исто како и за момчињата: Наместо „одличен“ ќе биде „одлична“. Ова е наведено во одредбите од Законот за родова еднаквост, кои се однесуваат на спроведување на обврската за родово сензитивен јазик во медиумите, како и во областите на образованието и науката, каде што ќе бидат пропишани казнени одредби во случај на прекршување на оваа обврска, таа почна да се применува неодамна.