Косово и Босна и Херцеговина се водечки по бројот на невработени во Западен Балкан, а Србија има најниска стапка на невработеност, објави денеска Светската банка.
Од СБ исто така соопштија дека стапката на невработеност во сите пет земји од Западен Балкан се намалила во последните 15 години.
Како што пишуваат од Светска банка, во Косово, кое има 1.739.825 жители, стапката на невработеност е 31,3 отсто.
Следува БиХ, која има 3.531.159 жители со стапка на невработеност од 30,7 отсто.
Можеби ќе ве интересира: ДАНОК НА СОЛИДАРНОСТ: Еве кој ќе мора да го плати, а кој ќе се спаси - ДАЛИ ЗНАЕТЕ КОЛКАВИ СЕ КАЗНИТЕ АКО САКАТЕ ДА ГО ИЗБЕГНЕТЕ
Во Црна Гора, која има 619.211 жители, стапката на невработеност е 20,1 отсто.
Во Северна Македонија, од 1.836.713 жители, стапката на невработеност е 14,3 отсто.
Во Албанија, со 2.829.741 жители, невработени се 11,1 отсто.
Србија со 6.834.326 жители има најниска е стапката на невработеност од 8,9 отсто.
Извор: faktor.mk