Вести
-
Просечната вредност на онлајн нарачка на македонските граѓани изнесува околу 30 евра!
Продолжува континуираниот раст на вредноста на интернет трговијата во Македонија. Последните официјални податоци од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија покажуваат дека во 2023 година онлајн трансакциите изнесуваат 649 милиони евра што претставува зголемување за 18 проценти во однос на 2022 година. Информациите велат дека во текот на ланската година во македонските онлајн продавници се слеале 453,6 милиони евра и тоа претставува раст на приходите на годишно ниво од 15 отсто.
-
Во Амстердам кириите се највисоки во Европа – просечната кирија е 2.276 евра месечно
Кириите во Амстердам се највисоки во Европа, а меѓу петте најскапи градови се холандските Ротердам и Хаг, покажа истражувањето на агенцијата Housing Ever.
-
НАПРАВИ ТРАНСФЕР ВО НАЈДОБРИОТ ТИМ: Придружи се на Жито Маркети!
Во светот на малопродажбата, трудот е сè. Затоа, во Жито Маркети се посветуваме на неговото препознавање и наградување.
-
Време е за манифестацијата Работодавач на годината!
Првиот македонски сајт за пребарување на работни места Вработување.ком, со воодушевување го најавува долгоочекуваниот настан „Работодавач на годината“, закажан за 17 април (среда) 2024 година, во престижниот хотел Лимак.
-
Утре е неработен ден за сите граѓани на Македонија
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 10 април 2024 година (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
-
ПЛАТА ДО 5.000 ЕВРА, АМА... Ова е вистината за животот на крузер!
Животот и работата на брод не можат да се споредат со она што повеќето луѓе го знаат на копно.
-
ГОРИ УНИВЕРЗАЛНА САЛА ВО СКОПЈЕ
Утрово изби пожар во Универзална сала во Скопје која се реконструира. Црн чад и голем оган се шират низ објект.
-
Закерберг го престигна Маск: Како сопственикот на Мета повторно стана еден од тројцата најбогати луѓе во светот
Доколку продолжи овој раст на цената на акциите на Мета, Закерберг во иднина би можел да стане најбогатиот човек на светот.
-
Уште три дена топло, потоа доаѓа „зима среде пролет“
Во периодот од денешниот ден, па се до среда, територијата на Македонија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на топлата воздушна маса од Африка, како и на стабилна и сува воздушна маса, прогнозира Славчо Попоски.
-
ВОЗАЧИ ОВА Е ВАЖНО ЗА ВАС - ако сте при крај со гориво, до вечер посетете бензинска, еве што објави Регулаторна
Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,52 отсто во однос на последната одлука.
-
Вакви се цените на пазарите за Рамазан Бајрам
Граѓаните ги прават последните подготовки за празникот Рамазан Бајрам. Битпазар како и секоја друга година е полн со купувачи. И покрај високите цени и ниските примања, граѓаните велат дека празникот ќе го прослават колку што можат повеќе. Сепак, поради економската криза секоја година го скратуваат списокот, а како виновна за паднатиот стандард ја обвинуваат власта.
-
60 отсто од работниците земаат минимална плата
Како да се живее со плата од 370 евра или пензија од 250 евра, а минималната потрошувачка за четиричлено семејство достигна 1200 евра?!
-
Само лани во Струга се затворени 154 бизниси, останатите едвај преживуваат
Од Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) велат дека Струга всушност има многу потенцијал за развој, но овој град е заобиколен во економскиот план на државата, пишува Порталб.мк
-
Повеќе пиперки, а помалку домати на македонските ниви: Зошто земјоделците ги намалуваат дел од културите?
Македонските земјоделци според статистичките податоци повеќе садат пипер, а помалку домати.
-
Паѓаат цените на огревното дрво – топлата зима им ги сочува парите на граѓаните
Топлата зима директно влијае на падот на потрошувачката на огревно дрво и други видови горива за огрев, забележуваат економските експерти откако на пазарот почна да се забележува значителен пад на цената на огревното дрво.
-
Сè за првиот ресторан на Џејми Оливер кој се отвори во „Белград на вода“
За многу љубители на храната и готвењето, првата средба со креативната комбинација на состојки, освен прелистувањето на страниците на старите готвачи како Стево Карапанџа, беа емисиите на познатиот Џејми Оливер. Начинот на кој креираше магија пред ТВ камерите ги постави темелите за сите последователни емисии од ваков формат, а неодамна на „Белград на вода“ беше отворен и првиот ресторан под негова лиценца „Jamie's Italian“. Ви пренесуваме сè за ресторанот на Џејми Оливер.
-
2.200 лица се пријавиле за работа во Србија преку Отворен Балкан, најмногу од Македонија
Претседателот на Србија изјави дека 2.200 лица се пријавиле во последниот месец, од почетокот на издавањето единствени работни дозволи во рамките на слободниот пристап до пазарот на трудот на Отворен Балкан, а најголем дел од пријавените се од Македонија.
-
Би продавале сладолед за плата од 30.000 денари плус бонуси?
Во текот на овие топли денови, рестораните и кафулињата во Скопје се подготвуваат за сезоната на сладолед.
-
ЕДЕН НЕРАБОТЕН ДЕН НЕДЕЛАВА, АМА НЕМА СПОЕН ВИКЕНД: Среда е неработен ден за сите граѓани
Согласно Законот за празниците, неработен ден за сите граѓани на Македонија ќе биде среда, 10 април, кога припадниците на муслиманската заедница ќе го прославуваат Рамазан Бајрам.
-
ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА ПОСЕБНА ДЕБИТНА КАРТИЧКА СО КОЈА ЌЕ ИМ ЈА КОНТРОЛИРА ПОТРОШУВАЧКАТА - еве за кој дел од населението тоа ќе се однесува
Сојузните покраини на Германија, од кои некои самостојно воведоа такви потрошувачки картички, се залагаа за законодавство на национално ниво.