Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Водич за патување со македонски пасош: Кои држави бараат тест, кои ги спуштија рампите?
Во моментов, во правец на навремено и прецизно информирање на нашите граѓани за условите на патување во странство, наш фокус е посебниот сегмент на нашата интернет-страница за Ковид-19
-
Официјално: Границата со Грција останува затворена најмалку до 15 септември
Грчката Влада, за уште две седмици ја продолжи забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, како и мерката за ограничување на копнените поврзувања на земјата со Северна Македонија и Албанија.
-
Во пензија пет години порано: Ќе се менува законот
Владата се обврзува да обезбеди нова повисока минимална пензија која ќе изнесува најмалку 10.700 денари за сите. Се најавува и можност за докуп на стаж за да се добие пензија
-
Што е подобро: Скратена работна недела или пократок работен ден?
Финската премиерка Сана Марин не се откажува од идејата работниот ден да трае шест часа.
-
Нобеловец по економија открива: Зошто интелигентните луѓе не се секогаш богати?
Високата интелигенција е важна, но нема да стигнете далеку без труд и напорна работа!
-
Зошто си заминуваат вредните и талентирани работници?
За да избегнете да ви заминат талентираните и вредни работници, прочитајте каде можете да погрешите. Forbes нуди 10 причини поради кои талентираните вработени ги напуштаат работодавците:
-
САД: Одобрен брз тест за корона, резултати за 15 минути
Американската управа за храна и ветеринарство издаде одобрување за употреба на тест за Корона виртусот кој го направи компанијата „Аббот Лабораториес“, а кој би можел да помогне да се задоволи потребата за поголем број тестирања.
-
Течноста за уста значително го намалува ризикот од ширење на Ковид-19
Миењето со течност за уста значително може да го намали ризикот од зараза со новиот коронавирус, покажуваат резултатите од истражиувањето на германските научници од Рурскиот универзитет.
-
Дипломирав во Норвешка за да работам за 15 илјади денари... не фала!
Една Македонка која веќе два месеци работи во Стокхолм на својот Фејсбук профил си ја отвори душата за тоа што ги очекува младите кога бараат работа во Македонија.
-
Трикови кои ги користат работодавците, а вие сигурно не ги приметувате
Денес сè повеќе работодавци во потрагата за добар работник не практикуваат стандарден разговор за работа, па затоа ќе ви треба повеќе од добро CV