Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Без плата во февруари останале над 12.500 лица, а во март речиси 32 илјади вработени
Во февруари годинава без плата останале околу 12.500 вработени, а за март околу 32 илјади лица, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи кои денес беа споделени на брифинг со новинарите.
-
Зошто сите во бизнисот ја сакаат Индија сега?
Кога Тим Кук пристигна во Индија претходно овој месец за да ги отвори првите продавници на Apple во земјата, тој доби херојски пречек.
-
Крунисувањето на кралот Чарлс скапо ќе ја чини Британија- еве колку
Како што граѓаните на Обединетото Кралство стануваат сè понемирни со монархијата, кралот Чарлс III и неговиот син Вилијам, принцот од Велс, отидоа над и подалеку за да се обидат да ги уверат членовите на Комонвелтот дека нивната генерација на кралски членови ќе се разликува од оние што дојдоа порано.
-
Па и на наша глава: Шведска го гради првиот електричен автопат
Откако Европската Унија минатиот месец го усвои законот според кој сите нови продадени коли треба да имаат нула емисии на јаглерод диоксид од 2035 година, европските земји брзаат да ја подготват инфраструктурата која е потребна за движење без гориво, пишува „Евроњуз“.
-
Доказ за посветеност кон вработените: „Аџибадем Систина“ доби награда за Најпосакуван работодавач меѓу приватните болници
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја доби наградата за најпосакуван работодавач во категоријата приватни болници, која ја додели Vrabotuvanje.com.mk
-
Еве колку Југословени има во земјите од поранешната СФРЈ
Иако Социјалистичката Федеративна Република Југославија (СФРЈ) не постои повеќе од три децении, во земјите од регионот сè уште има луѓе кои се декларираат како Југословени.
-
Сакате да работите во Грција, еве колкави се платите: Keлнер 1.000 евра, чистачка 1.200
Грција се подготвува за одлична туристичка сезона, која во најавата би можела и да ја надмине минатогодишната, сепак – има проблем. Во туристичкиот сектор нема доволно работна сила да го покрие.
-
Германија го олеснува доаѓањето на работници од Балканот
Германската влада подготвува реформа на законот за имиграција, чија цел е да се забрза доселувањето на квалификувана работна сила, пренесува Дојче Веле.
-
Тенисот од 2025 година нема да има линиски судии
АТП организацијата најави крупни промени од 2025 година кои ќе го турнат тенисот во една нова ера, во која на мечевите повеќе нема да има – линиски судии.
-
Научете ја оваа работа и ве очекува плата од 1.000 евра: И покрај добрата заработка, работници има се помалку
Секој занает вреди злато, иако ова е многу познато, сепак се чини дека нема поскапоцени занаетчиски производи од оние на златарите.