Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Можно е да нѐ зафати невреме и да нѐ удри град по сончевото претпладне
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и услови за ситен град, информираше УХМР.
-
Нема веќе паркирање на тревникот: Се поставуваат столпчиња пред зоолошка
За време на викендот голем дел граѓани ја посетија зоолошката градина, а дел од возачите беа несовесни и своите автомобили ги оставија на тревникот.
-
Годинава 25 евра за чадор и лежалка во Бугарија
Министерот за туризам во Бугарија предложи летово луѓето да платат 50 лева за користење чадор и лежалка на плажа.
-
Државниот испитен центар од денеска штрајкува, ќе се одржи ли матура?
Државниот испитен центар почна штрајк, поради недобивање на согласност на Барањето за изменување и дополнување на колективниот договор од страна на Министерството за финансии, a со цел заштита на економските и социјални права на своите членови.
-
Девет европски земји планираат заеднички да градат ветерни електрани на Северното Море
Денеска девет европски земји се состануваат на самитот во Белгија за да го потврдат заедничкиот план за зголемување на капацитетот на ветерните електрани во Северното Море, што е голем индустриски предизвик за забрзување на декарбонизацијата на континентот.
-
Второ прскање против комарци на 26 април во Скопје
Градот Скопје ги известува граѓаните дека во среда (26.04.2023 година), ќе се реализира втората фаза од дезинсекцијата на подрачјето на градот Скопје против лаври од комарци, односно:
-
Wizzair воведува една несекојдневна новина – претплата за летови
Нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air во својата понуда од мај годинава ќе има и модел на претплата. Имено, патниците во период од шест месеци ќе можат да уплатуваат паушален износ, а за возврат секои шест месеци ќе можат да изберат еден лет во еден правец или повратен.
-
Проверувајте ги сметките: Од утре тргнува исплатата на покачените пензии
Од утре почнува исплатата на пензиите кои од минатиот месец се покачени за 8,4 проценти, и тоа по следниот редослед:
-
Ново поевтинување на горивата од полноќ
Со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 2,5 до три денари за литар, а цената на бензините се намалува за 1,5 денар.
-
ПЛАТА до 4.000 € нето - Бараме ПЕРСОНАЛ ЗА КУЈНА за работа низ Австрија, Ирска, Шпанија и Германија
За претстојната летна сезона (од 5. до 10. месец) или целогодишна работа, во име на нашите клиенти / хотели и ресторани ни требаат поголем број на работници на следните позиции: