Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Koј произведе, а кој извезе најмногу сладолед во ЕУ
Во Европската унија во 2022 година се произведени 3,2 милијарди литри сладолед, што е за пет отсто повеќе од претходната година.
-
Копал пченка, нашол златници и преку ноќ станал милионер
Еден човек од Кентаки стана милионер преку ноќ откако на своето поле со пченка пронашол ретки златни монети за кои се проценува дека вредат милиони долари.
-
Гратче каде автомобилите се забранети. Освен оние кои чинат 146.000 евра
Има места во Европа каде сообраќајот на автомобили е забранет.
-
Супер бабички на пат околу светот за 80 дена: Овие две пријателки ги посетиле сите 7 континенти
Спиеле во хотели, а сумата на пари кои ја потрошиле е неверојатна!
-
Само 10 отсто од популацијата во светот се левучари, но сè уште не се знае зошто се толку ретки
Една од 10 личности на светот е левучар. Можеби се прашувате што точно предизвикува некоја личност да биде левучар, но според „IFLScience“, претходните претпоставки дека леворакоста е последица на генетика се веројатно погрешни.
-
Четири работи кои никогаш не треба да им ги ПОДАРУВАТЕ на саканите: Се смета дека носат лоша среќа
Еве за кои работи зборуваме.
-
Вратите на јавните тоалети никогаш не се до подот! Знаете ли зошто?
Јавен тоалет секогаш има врата со отвор, а безбедносни причини се само дел од нив.
-
Го имате зборот на „врвот на јазикот“, но никако не можете да се сетите? Еве зошто ни е случува тоа и дали треба да не загрижи
Еве зошто ни се случува!
-
ВЕНЕЦИЈА ЗАДУШЕНА ОД ТУРИСТИ: Од следната година влезот ќе се наплатува, еве и како
Во Венеција и тоа како се води сметка за доброто однесување на туристите. Тој град на северот на Италија веќе неколку години се бори против најлошите аномалии на масовниот туризам.
-
Се лизнала на пршута и сега го тужи ресторанот за отштета - бара вртоглава сума на пари
Жена го скршила левиот глужд откако се лизнала на парче месо при престој со сопругот во гостилницата „Итали“ (Eataly) во Бостон, САД. Оштетената сега го тужи ресторанот.