Анкети и истражување
-
Колкави се платите во регионот?
Според последните достапни податоци од сите шест државни заводи за статистика на поранешна Југославија, во јули највисоката просечна нето плата е забележана во Словенија, речиси 1.250 евра, наспроти хрватските 940 евра, српските 550 евра, Црна Гора со 532 евра и Босна и Херцеговина со просечна нето плата од 513 евра. На дното на листата е Северна Македонија, со нешто повеќе од 460 евра нето плата.
-
Келнери нема ни за лек, а еве ја основната причина за тоа
На компаниите од угостителството и туризмот им недостигаат 50 проценти од потребниот кадар, пред сè келнери, рецепционери, готвачи и помошници готвачи
-
Идејата за четиридневна работна недела станува сè поверојатна
На Исланд, повеќе од 2.500 работници учествуваа во експерименталната четиридневна работна недела
-
Проверете колку точно плата заслужувате
Погледнете колкава е платата во одредена индустрија како не би биле во недоумица за тоа колку всушност вреди вашето работно место..
-
АНКЕТА: На македонците им е поважно да работат во стабилна, отколку во бренд компанија
„Не ми е важно да е бренд компанија, се додека фирмата ги почитува работничките права, дава редовна плата и негува добри меѓучовечки односи, не ми е битно во која компанија ќе работам“
-
Работодавaчи, пишувајте ја платата: Оглас без плата е исто како производ без цена
Што еден оглас треба да содржи за да биде атрактивен? Кои елементи треба или не треба да ги има за да ги натера работобарателите да го испратат своето CV? Одговорот се крие во резултатите од нашата најнова анкета.
-
Ако имате понуда за исто работно место со исти услови каде попрво би се вработиле?
Дали ви е важно кое е името на компанијата, дали ве засега тоа колку години се присутни на пазарот.?
-
Анкета: Дури 76% од вкупно 600 испитаници се соочиле со мобинг на работно место
46% од испитаниците најчесто биле жртва на мобинг во компанијата каде што работат, но наместо да го дискутираат проблемот со кој што се соочиле тие најчесто премолчеле и си заминале од компанијата
-
АНКЕТА: 77% од вработените би го промениле своето работно место
Ниски плати, мобинг, лош менаџмент се најчестите причини поради кои двајца од тројца вработени би го промениле работното место
-
„Секој има право на барем еден ден со семејството. А ние ќе се научиме да се снабдиме на време“ - 83% од анкетираните се ЗА неработна недела
„Недела е ден за сите да уживаат со семејствата, тој што сака да си пазари за дома може да го направи тоа во текот на неделата и сабота, а не во недела на сите што им е досадно дома си акаат по молови. Одамна требаше да биде прогласен за неработен!“