Бизнис вести
-
Просечната плата вреди 100 евра помалку од лани
Трошоците на живот во август во однос на јули годинава се зголемени за 1,3 отсто, а цените на мало за 0,6 отсто. Во август годинава во однос на истиот месец лани трошоците на живот се зголемени за 16,8 проценти, а цените на мало за 14,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
-
Статистика: 9.5 милиони работници работат само за сметки
Европската конфедерација на синдикати предупреди дека во повеќето земји членки на ЕУ голем број работници треба да дадат цела плата за да ги покријат трошоците за енергија.
-
Овие земји се најголеми извозници на фрижидери во светот, а меѓу нив и нашиот сосед
Годишно во светот се продаваат околу 200 милиони фрижидери. Според извештајот WITS на Светската банка, најголеми светски извозници на фрижидери и замрзнувачи се Кина, Мексико и Полска. Според овој извештај, Србија со своето производство на уреди за ладење во фабриката Горење Ваљево е на 14-то место во светот.
-
Нов закон: За плаќање пет сметки во банка, месечен трошок од најмногу 30 денари
Со новото законско решение од 1 јануари 2023 година и со конкуренција што ќе се јави со појавата и на други даватели на платежни услуги треба да се стави ред во надоместоците и придонесите што ги наплаќаат банките, а чиј износ, според податоците од Народната банка, значително се зголемува.
-
Германија планира да воведе „карта за шанса“ - „Ни требаат луѓе за работа“
Таканаречената „карта за шанса“, Chancenkarte, е многу слична на американската или канадската зелена карта. Работодавaчите во Германија долго време посакуваат вакво нешто, бидејќи така полесно ќе се најде работна сила која очајно недостасува.
-
Цените во Хрватска од денеска во куни и евра
Во Хрватска од денеска, на неполни четири месеци пред влезот во еврозоната, стапува во сила законската обврска за прикажување на цените во куни и евра, како мерка за заштита на потрошувачите во процесот на воведување на новата валута.
-
Се продолжува рокот за аплицирање по мерката 3 од ИПАРД 2 програмата - Еве до кога
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува заинтересираните апликанти по мерката 3 од ИПАРД 2 програмата, дека за 15 дена се продолжува рокот за аплицирање на јавниот повик за мерката 3 од ИПАРД 2 програмата. Новиот краен рок за аплицирање по оваа мерка сега е 21 септември 2022 година.
-
Потрошените киловати станаа мерило за живеење
И официјално, мора да се штеди. Како што е најавено, така е и направено.
-
8.000 слободни работни места - најмногу фалат техничари, ракувачи со машини, продавачи...
Гледано по сектори на дејности, најмногу слободни работни места, 2.114 има во преработувачката индустрија, 1.477 позиции има во трговијата на големо и мало, 671 работник фалат во транспорт и складирање, и 635 луѓе фалат за административни и помошни услужни дејности. Во хотелиерство и сервисни дејности со храна фалат 565 луѓе и 530 луѓе во градежништво.
-
За Денот на рударите САСА ја продолжи традицијата на наградување на вработените и донирање во заедницата
И оваа година, по повод Денот на рударите, рудникот САСА обезбеди парични награди и пригодни подароци за сите свои вработени, за нивното залагање и посветеност во работата. На 123 вработени им беа доделени и дополнителни парични награди, подароци и признанија за нивниот особен придонес во одржување на високиот степен на безбедност и здравје при работа, како и во остварувањето на производствените цели.