Мако Маркет ВРАБОТУВА: 12 слободни позиции

Мако Маркет ВРАБОТУВА: 12 слободни позиции

11. 04. 2019.

- за кандидати од Скопје, Штип, Кочани, Струмица, Гевгелија, Охрид, Струга, Кичево, Неготино, Кавадарци, Велес, Тетово и Гостивар

Мако Маркет е компанија за производство и дистрибуција на стока за широка потрошувачка. Таа постои на пазарот повеќе од 28 години. До 1990 година, компанијата Мако Маркет се занимаваше со големопродажба, а од 1996 година  започна со сопствена дистрибуција.

Компанијата дистрибуира интернационални брендови кои често се лидери на пазарот. Во 2002 година компанијата го произведе својот прв чоколаден крем, наречен Виена. Со тоа започна новото поглавје на компанијата, во кое произведувањето на сопствени брендови стана подеднакво важно, како и дистрибуцијата. Набргу потоа се родија и брендовите Тазе пуканки и Мое колаче, со 14 различни екстензии на колачиња и вафел производи. Освен сопствените брендови, Мако Маркет произведува и приватни трговски марки.

Компанијата Мако Маркет има отворени работни места за следните позиции:

Менаџер за продажба – нова продажна дивизија

Возачи / Магационери

Работници во производство
- Минимална загарантирана плата од 16.500 ден. согласно работна позиција до 18.000 ден. (нето плата без засметани трети смени)
- Редовна исплата за трета смена
- Дополнителни бонуси за исполнување на норми и производни планови