Навала од огласи за во странските фабрики: 250 слободни позиции ве чекаат да аплицирате

Навала од огласи за во странските фабрики: 250 слободни позиции ве чекаат да аплицирате

28. 06. 2019.

Одлична шанса за вработување во Скопје, Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Велес и Струмица!

Gentherm, американска фабрика од автомобилската индустрија, сместена во технолошко индустриската зона Алинци во близина на Прилеп, има потреба од 150 Оператори (Општи работници).

ARC Automotive, глобален лидер во дизајн, развој и производство на инфлатори за автомобилски воздушни перничиња, во своето претставништво во Скопје вработува:

Оператори на машина

Референт за подготовка на плата

Вработување ХР Солутионс, за потребите на свој клиент, реномирана интернационална компанија од автомобилистичката индустрија во Скопје, регрутира кандидати на следните работни позиции:

Оператори на линија

Оператори за подготовка на хемиски премази

KOSTAL, германска фабрика за електронски компоненти наменети за автомобилската индустрија во ТИРЗ Струга/Охрид, има потреба од нови вработувања на повеќе позиции:

Quality Engineer

Quality Customer Engineer

Production Engineer

Џонсон Мети, во својата Clean Air Дивизија во Скопје, ги има отворено следните работни позиции:

Техничар во одржување- електричар/ Maintenance Technician

Техничар во одржување- механичар/ Maintenance Technician – Mechanical

Customer Service Executive

Инженер за квалитет на клиенти

СЦАТ Инженер (SCAT Engineer)

Инженер за поддршка на процеси / Process Support Engineer

Marquardt, германска групација со 11.000 вработени во 20 земји ширум светот, во своето претставништво во Велес вработува кандидати на позиција: Manufacturing engineer.

Van Hool, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриска Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, заради проширување на производните капацитети, има потреба од нови вработувања на следните профили:

Фасадери, Гипсери

KROMBERG & SCHUBERT, глобална индустриска групација примарно активна во автомобилската индустрија, има активен оглас за вработување на Оператори во производство.

Lear Corporation, Fortune 500 компанија која дизајнира и произведува производи од највисока каса во светот, нуди одлична можност за работа на позиција Оператор на машина за шиење за 70 лица во својата фабрика лоцирана во Тетово.

Adient, водечка компанија за производство на автомобилски седишта, во своето претставништво во Струмица вработува на работно место: Координатор во логистика.

VPTEX, холандска компанија која веќе 50 години произведува во Македонија професионална заштитна и работна облека, има потреба од следните работни позиции:

Контролор

Работник на пегла

Шивач на машина

КЕМЕТ Електроникс е водечки глобален снабдувач со електронско компоненти. За својата фабрика лоцирана во ТИРЗ 1, Бунарџик, компанијата објави оглас за пет слободни работни места на позиција Оператор во производство.

BAUMER, швајцарска фабрика за производство на сензори и мерни инструменти за автоматизација на процеси, во свеото претставништво во Македонија има потреба од Plant Manager.

KESSLER, германска групација со свое претставништво во Скопје, вработува на следните работни позиции:

Electric-Motor production employees

Web developer