Vrabotuvanje.com - Хигиеничар/ ка - Скопје - Securicom

Хигиеничар/ ка

Скопје

Рок за пријавување:

  • Securicom

 
Ние сме компанија со меѓународно искуство и традиција, посветена и докажана во понудата на висококвалитетни услуги од областа на професионалниот сервис за одржување на хигиената, на тековното одржување и обезбедувањето
 
Поради проширување на компанијата објавуваме оглас за вработување на:
 
ХИГИЕНИЧАРКИ И ХИГИЕНИЧАРИ
 
Кандидатите потребно е да ги исполнуваат следниве услови:
  • Основно образование или ССС
  • Со или без работно искуство
Опис на работното место:
  • Работникот за одржување на хигиена е одговорен за чистотата во објектот извршувајќи разни задолженија од областа на хигиената согласно интерните компаниски процедури и стандарди.
Ве молиме да ја испратите Вашата биографија-CV преку полето Аплицирај најдоцна до 27.04.2018 година, а на апликацијата задолжително наведете ја следнава назнака Оглас за Хигиена.
 
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
 
Нудиме работа во средина во која креативноста, посветеноста, можноста за личен напредок и напредок во кариерата се примарни. Посветени сме на развојот, обуката и подршката на вработените за нивно соочување со предизвиците на работното место.
 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде