Vrabotuvanje.com - Менаџер за квалитет - Куманово - ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Менаџер за квалитет

Куманово

Рок за пријавување:

  • ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д

ФЗЦ, Фабрика за заварени цевки 11 Октомври а.д. од Куманово денеска претставува производствен гигант не само во рамките на Р. Македонија и Балканот, туку и многу пошироко како препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили со висок квалитет.


Фабриката е акционерско друшво со доминантен приватен капитал, располага со поголем број на производни капацитети за производство на заварени челични цевки и профили скоро од сите видови и големини, како и нивна соодветна антикорозивна заштита, со што се вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европа и важи за сигурен партнер со долгогодишна традиција.

 

Менаџер за квалитет 1 извршител 

 
Задолжително е пријавените кандидати за оваа позиција да ги исполнуваат следните услови:
  • Високо образование (Машински  факултет, Технолошко металуршки факултет или факултет за технички науки со 240 или 300 кредити ЕКТС)
  • Да има посетувано курсеви за интерни аудитори за квалитет според Стандардот ISO 9001
  • Пожелно е работно искуство од 4 години во работењето со системи за управување со квалитет ISO 9001 
  • Познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање на MS Office
  • Б – категорија
 
Работни задачи:
  • Ја организира, координира и контрола работата во тимот за менаџмент со квалитет
  • Се грижи за одржување на Системот за менаџмент со квалитет во согласност со ИСО стандардите, следење на измените и нивна имплементација
  • Врши изработка на Прирачник за квалитет и документација за Системот за менаџмент со квалитет
  • Организира управување со сите настанати измени во документација за Системот за менаџмент со квалитет
  • Одговорен е за планирање, организирање и спроведување на интерните проверки на Системот за менаџмент со квалитет, како и подршка при екстерните проверки на системот
  • Врши правовремено и адекватно известување на Претставникот на Одборот на директори и на менаџментот за статусот на Системот за менаџмент со квалитет и дава предлози за подобрување на Системот за менаџмент со квалитет
  • Се грижи за одржување на добиените сертификати за производ и воведување на нови доколку се покаже потреба за тоа
  • Посета на обуки за управување и постапување со отпад за да се стекне со сертификат за стручна оспособеност и Уверение за положен испис стручен испит за вршење на работите за управување и постапување со отпад и сертификат за животна средина (ќе ги спроведува соте обврски кои произлегуваат од Законот за животна средина вклучувајќи ги и обврските кои произлегуваат во спроведувањето ISO 14001:2004

Од кандидатите за бараните позиции се очекува да ги поседуваат следните вештини,  способности и лични особини:

  • Организираност и ефикасност 
  • Способност за тимска работа
  • Работа со дадени рокови
  • Следење на интерните правила и процедури
  • Самоиницијативност и самокритичност

Заинтересираните кандидати ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија (CV)
  • Доказ за завршено образование
  • Доказ за вештините ако поседува


Сите погоре наведени документи се задолжителни за пријавување по огласот и истите треба да бидат испратени преку полето Брза Апликација, или на адреса:  11 Ноември 87 А, Куманово, со назнака.


Ве молиме Вашите документи да ги доставите стриктно на погоре наведените адреси, во спротивно нема да се земат предвид. 

Врз основа на прегледаните документи, кандидатите кои што ги исполнуваат условите и ги доставиле бараните документи ќе бидат повикани на интервју и тестирање.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде