Vrabotuvanje.com - Дипломиран Економист- комерцијалист - Куманово - ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дипломиран Економист- комерцијалист

Куманово

Рок за пријавување:

  • ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д

ФЗЦ, Фабрика за заварени цевки 11 Октомври а.д. од Куманово денеска представува производствен гигант не само во рамките на Р. Македонија и Балканот, туку и многу пошироко, како препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили со висок квалитет.

Фабриката е акционерско друшво со доминантен приватен капитал, располага со поголем број на производни капацитети за производство на заварени челични цевки и профили скоро од сите видови и големини, како и нивна соодветна антикорозивна заштита,со што се вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европа и важи за сигурен партнер со долгогодишна традиција.

 

 

Дипломиран Економист- комерцијалист 1 извршител

 

 

На определено време од три месеци, со можност за продолжување на договорот за работа
 
 
Задолжително е пријавените кандидати за позиција 1 да ги исполнуваат следните услови:
  • Висока стручна подготовка, Економски факултет
  • Работно искуство во продажба  ќе се смета за предност- не е задолжително
  • Б – категорија- не е задолжителна
  • Познавање на англиски јазик
  • Добро познавање на MS Office
 
Одговорности и задачи на комерцијалистот ќе бидат:
  • планирање и организирање на продажбата
  • прибирање на нарачки на клиенти
  • исполнување на зададени цели за продажба
  • следење наплата од клиентите
  • подготовка на извештаи
  • развивање на продажбата на реонот
  • почитување на процедурите за работа

 

Од кандидатите за бараните позиции се очекува да ги поседуваат следните вештини,  способности и лични особини:

  • Организираност и ефикасност 
  • Способност за тимска работа
  • Работа со дадени рокови
  • Следење на интерните правила и процедури
  • Самоиницијативност и самокритичнос
Заинтересираните кандидати ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги достават следните документи:
 
  • Кратка биографија (CV)
  • Доказ за завршено образование
  • Доказ за вештините ако поседува
Сите погоре наведени документи се задолжителни за пријавување по огласот и истите треба да бидат испратени преку полето Брза Апликација или на следната адреса:  11 Ноември 87 А, Куманово, со назнака "за оглас за вработување за Дипломиран Економист- комерцијалист”  или доколку документите се по е-маил истото да биде наведено во subject line.   
 
Ве молиме Вашите документи да ги доставите стриктно на погоре наведените адреси, во спротивно нема да се земат предвид. 
 
Врз основа на прегледаните документи, кандидатите кои што ги исполнуваат условите и ги доставиле бараните документи ќе бидат повикани на интервју и тестирање. 
 
 
Однапред се обесхрабрува секој обид за директна комуникација со кој било официјален претставник на Компанијата. 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде