Vrabotuvanje.com - Медицински претставник - Територија на Р.Македонија - Lohmann & Rauscher
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Медицински претставник

Територија на Р.Македонија

Рок за пријавување:

  • Lohmann & Rauscher

Lohmann & Rauscher е Австриско-Германска компанија стара повеќе од 160 години, која е глобален лидер во производство и достава на медицински производи, како облоги за третман на рани, компресивна терапија и производи за операциона сала со повеќе од 5.000 вработени, 49 официјални претставништва, 1200 дистрибутери и извоз во повеќе од 75 земји во светот, поради динамичен раст и развој на интернационалната продажба бара: 


МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК
 

Чии што задачи ќе бидат:

  • Патување низ регионот (Македонија и соседните земји)
  • Работа и контакти со медицински персонал
  • Посета на здравствени домови, болници, клинички центри и аптеки
  • Работа во ОП сала
  • Менаџирање со лидери со клучно мислење
  • Сигурно имплементирање на стратегијата на L&R и неговите производи во регионот
  • Организирање и учество на презентации, едукации, конгреси, семинари, Team Buildings
  • Подготвување извештаи за работа со клиенти
  • Раст и развој на пазарот, остварување на продажни цели дефинирани согласно бизнис планот


Бараме кандидати кои:

  • Го познаваат пазарот со медицински средства и неговите механизми 
  • Се ориентирани кон постигнување и остварување на зададени цели, проактивни се и имаат претприемнички пристап
  • Сакаат да патуваат низ регионот и да градат кариера во интернационална компанија
  • Имаат одлично познавање на англискиот јазик
  • Поседуваат возачка дозвола Б категорија


Предност имаат кандидати кои по професија се:

  • Медицински сестри, доктори по медицина, фармацевти, стоматолози 
  • Имаат работно искуство во индустријата од минимум 1 година


​Доколку ги исполнувате горенаведените критериуми, би сакале да ви понудиме работна позиција со надпросечни услови, во брзорастечка динамична и просперитетна средина.

Сите алати за работа, како електронски уреди, возило и едукација ќе бидат обезбедени од наша страна.

Ве молиме пратете го вашето СV на англиски јазик преку полето Брза Апликација за Ломан и Раушер ГМБХ - Австрија, претставништво Македонија, Црна Гора, Косово и  Албанија.

 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде