Vrabotuvanje.com - Junior Brand Marketer / Маркетинг асистент - Скопје - ВИТАЛИА Никола и др. доо
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Junior Brand Marketer / Маркетинг асистент

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВИТАЛИА Никола и др. доо

ВИТАЛИА Никола ДОО, лидер во производство на здрава храна поради зголемување на производните капацитети и отварање на нов погон за производство на барови, објавува слободно работно место на позиција:

Junior Brand Marketer / Маркетинг асистент

Обврски и одговорности:

  • Имплементација на Маркетинг Активности дефинирани од Бренд Маркетер
  • Асистенција при управување на дигиталните платформи и комуникациски канали на компанијата
  • Асистирање во изработка на ПР текстови
  • По потреба, изработка и адаптација на креативни решенија за летоци, корпоративен брендинг, принтани и дигитални медиуми
  • Предлагање и спроведување на маркетинг стратегии, промоции и настани

Квалификации:

  • Високо образование ВСС ( Маркетинг, Бизнис, Е-трговија, Дизајн)
  • Мин. 1 година работно искуство во Маркетинг сектор или Маркетинг агенција
  • Течно познавање на англиски јазик ( мин. B2)
  • Одлично познавање на MS Office пакетот (Power Point, Word, Excel, Outlook, Teams)
  • Добро познавање на Adobe Photoshop/Illustrator ќе се смета за предност
  • B категорија возачка дозвола ќе се смета за предност
  • Развиени презентациски и комуникациски вештини
  • Совесност, одговорност и самомотивираност
  • Тимски дух, организираност и систематичност во работењето

Што нудиме:

  • Пријатна работна атмосфера
  • Млад, модерен и динамичен тим
  • Платен превоз
  • Обезбеден оброк
  • Континуирана обука за надградување на работните вештини
  • Тим билдинг настани

Доколку сакате да бидете дел од успешниот тим на Виталиа, постојано да го надградувате вашето знаење и сте подготвени да го прифатите предизвикот, испратете ни ја вашата кратка биографија (CV) и мотивационо писмо.

Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Маркетинг, ПР и Медиуми изнесува 28.527 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде