
ПОРАДИ ПРОШИРУВАЊЕ НА СВОИТЕ РАБОТНИ КАПАЦИТЕТИ, ИМАМЕ ПОТРЕБА ОД ВРАБОТУВАЊЕ НА:
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО (работни задачи, функции и одговорности)
- Комплетно водење на сметководственото работење
- Комуникација со финансиски и државни институции
- Срамнување на картички со коминтенти
- Следење на наплативоста на побарувањата
- Изготвување на компензации и цесии
- Пресметка на плати
- Изработување на ДДВ пријави
- Изработување и поднесување на КИПО, КВС, ВСС и слично
- Подготовка и поднесување на завршни сметки
- Изработка на извештаи за статистика
ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ (познавање на процедури, специфични барања на работата)
- Одлично познавање на сметководствените стандарди и принципи, вклучувајќи ги и меѓународните сметководствени стандарди прифатени во Република Северна Македонија
- Одлично познавање на даночната регулатива
- Силни организациски способности
- Одлични комуникациски и меѓучовечки односи
- Способност за размислување однапред и предвидување на потребите пред да настанат
- Способност за одржување дискреција при справувањето со доверливи или осетливи работи
- Одлично познавање на MSOffice (Excel и Word)
- Владеење на англиски јазик, усно и писмено
СЕРТИФИКАТИ / ДОЗВОЛИ / ЛИЦЕНЦИ
- Уверение за сметководител / Овластен сметководител
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV(работна биографија) преку полето Брза Апликација.