
Адреса: Ул. Скупи 3 бр.55
Град: Скопје
Веб: www.meditrejd94.com.mk
Компанијата “Медитрејд 94“ дооел Скопје е основана во 1994 година и со својот долгогодишен ангажман и стручност, овозможува за потребите на нашиот здравствен систем врвни производи од светски произведувачи, со цел за унапредување на здравствените услуги, а со самото тоа и подобрување на квалитетот на живот на пациентите во нашата земја.
Поради проширување на својот тим на медицински представници во Скопје “Медитрејд 94“ објавува оглас за вработување на:
МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК ВО СКОПЈЕ
Потребни квалификации:
- Медицинско образование – средно и/или високо
- Работно искуство од минимум 3 година ќе се смета за предност во доменот на бараната работа
- Пробна работа зависно од предходното работно искуство
- Возачка дозвола Б категорија – активен возач
- Поседување на компјутерски вештини
- Познавање на англиски јазик
Опис на работа:
- Работа на подрачјето на Скопје и останатите градови во Македонија
- Воспоставување и одржување на добри односи со постоечките и новите клиенти
- Секојдневен контакт и едукација на пациентите за квалитетот, правилен избор и примена на медицинските производи и ортопедските помагала за нега на стома и хронични рани, на примарнао, секундарно и терцијарно ниво на здравствена заштита
- Спроведување на маркетиншката стратегија на фирмата
- Остварување на продажни цели
- Учевство и организација на стручни собири, презентации, работилници и конгреси
Личен профил:
- Организираност и одговорност
- Одлични комуникациски вештини
- Професионален и љубезен однос кон пациентите
- Лојалност, самоиницијативност, темелност, енергичност
- Тимска работа во деловното окружување
Нудиме:
- Редовни месечни примања
- Исплата на бонуси согласно на деловната успешност
- Позитивно работно окружување
- Службен автомобил и телефон за потребата на
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV), преку Брзата Апликација, со задолжителна назнака „Оглас за медицински претставник“.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. Апликациите без назнака нема да бидат разгледани. Сите апликации ќе бидат третирани со доверливост.
ПОЧЕТНА ПЛАТА: 30.000,оо мкд - зависи од работното искуство