Vrabotuvanje.com - Дипломиран електро инженер за теренски испитувања - Скопје - ИНСТИТУТ ЗА ТЕХНИЧКА ИНСПЕКЦИЈА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дипломиран електро инженер за теренски испитувања

Скопје

Рок за пријавување:

  • ИНСТИТУТ ЗА ТЕХНИЧКА ИНСПЕКЦИЈА И СЕРТИФИКАЦИЈА
  • Телефон: +389 75 228 950
  • Веб страна: http://www.itis.com.mk
 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДИПЛОМИРАН ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР ЗА ТЕРЕНСКИ ИСПИТУВАЊА

ИТИС дооел Скопје има потреба од вработување дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии од областа електроенергетика.

ИТИС е акредитирано инспекциско тело од ИАРСМ за инспекција на електроенергетски постројки. Покрај инспекциските активности во Р.С. Македонија, ИТИС се занимава и со теренски испитувања, надзор при фабрички испитувања и пуштање во работа на електроенергетска опрема, на глобално ниво. Огласот е наменет за дипломиран инженер по електротехника на позиција Инженер за теренски испитувања, кој би вршел тестирања на енергетска опрема за проекти во Македонија и во различни држави низ светот.

Кандидатите треба да ги имаат следните квалификации:

  • ​Дипломиран електро инженер (сите електроенергетски студиски програми)
  • Завршено техничко средно училиште - предност
  • Искуство како електро инженер – најмалку две години
  • Познавање и работа со електрични шеми
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Расположеност за теренска работа на проекти во странство
  • Тимски играч, подготвен за учење нови работи
  • Организираност и одговорност кон доверените задачи
  • Комуникациски способности
  • Возачка дозвола Б-категорија

Опис на работно место:

  • Испитување на трансформатори и високонапонска опрема
  • Надзор на теренски испитувања и проценка на резултати 
  • Изготвување на извештаи од испитување
  • И друго, во согласност со квалификациите и потребите

ИТИС нуди:

  • Динамична и интересна работна средина со амбициозен тим
  • Атрактивни примања и бонуси од теренска работа.
  • Континуирано усовршување и надградување

Доколку се пронаоѓате и се чуствувате спремни за понуденото работно место, пратете ни Ваше CV, преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде