Vrabotuvanje.com - Стручен соработник за маркетинг и продажба во Секторот дијагностика и лекови - Скопје - ФАРМАХЕМ ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Стручен соработник за маркетинг и продажба во Секторот дијагностика и лекови

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФАРМАХЕМ ДООЕЛ Скопје
  • Адреса: Кичевска бр. 1, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.farmahem.com.mk

ФАРМАХЕМ ДООЕЛ СКОПЈЕ
има потреба од: 

Стручен соработник за маркетинг и продажба во Секторот дијагностика и лекови

Барања за позицијата:

  • Завршено високо образование: ПМФ (биохемија, хемија, биологија), Фармацевтски факултет или Медицински факултет со афинитет и солидни познавања на областа биохемија; Одлично познавање на работа со компјутер (Microsoft Office и Internet); Одлично познавање на Англиски јазик (пишување и зборување);
  • Задолжително претходно работно искуство во продажба од слична природа (ин-витро дијагностички медицински помагала /лекови/хемикалии и сл.) минимум 2 години;
  • Предност ќе имаат кандидати со искуство во деловна коресподенција;
  • Способност за извршување повеќе работни задачи истовремено, приспособување на нови и различни задачи, желба за учење нови работи, висока организираност, прецизност, логика и аналитичност во размислувањето, комуникативност;
  • Тимска работа со колегите во секторот и заедничко креирање на работата, правење заеднички планови за посети, активности, настани, промоции, презентирање новитети...
  • Поседување на Б возачка дозвола и активно возење.

Работни задачи:

  • Стручниот соработник за маркетинг и продажба во Секторот дијагностика и лекови ќе ги има следниве задачи:
  • Комуникација и посети на клиенти заради промоција на производите кои нашата фирма ги застапува;
  • Организација на работата околу фирмите за кои ке биде надлежен: планирање на залиха, следење на залиха и нарачки;
  • Припрема на годишни и месечни планови, како и анализи за остварувањата според тие планови;
  • Вклученост во анализа на нови програми кои се комплементарни со постоечките со цел проширување на работата во рамки на секторот;
  • Пoдготовка на понуди/тендери за клиентите од приватното и јавното здравство, спедење на реализацијата на набавките и навремено отпочнување нови.

Позицијата е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.

Нудиме:

  • атрактивна и динамична работа;
  • можност за надградба на професионален план;
  • одлични услови за работа;
  • можност за напредување во кариерата.

Позицијата е со седиште во Скопје.

Работно време од 08:00–16:00 h (понеделник–петок).

Доколку ги исполнувате горенаведените услови и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете ја Вашата биографија на farmahem@farmahem.mk најдоцна до 05.04.2024.

Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју и проверка на знаењата.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде