Финансиско друштво M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.
Финансиско друшто М КЕШ Македонија е финансиска институција, дел од групацијата Management Financial Group (MFG), која обезбедува потрошувачки кредити во Бугарија, Романија, и Македонија.
Како резултат на брзата експанзија како преку онлајн услугите и преку директната услуга во Продавниците за пари и одржување на позицијата лидери на пазарот, ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје има потреба од:
Помлад специјалист за Корпоративна Безбедност за реон Исток
Работни задачи и одговорности:
- Одржување на стабилноста и угледот на организацијата на секое ниво;
- Заштита на сопственоста на компанијата преку 24 часовна комуникациска достапност при немили настани и други безбедносни проблеми;
- Утврдување и пријавување на неправилности преку ревизија на работните формални и неформални процеси на компанијата;
- Тековни проверки согласно работен план на регионалните канцеларии;
- Проверки на исправноста на документите во друштвото, како и за усогласеноста со правилата за работа со документи во согласност со внатрешните правила на компанијата и законските норми;
- Теренска работа и комуникација со надворешни лица, проверки на веродостојност на лични податоци;
- Подготвување извештаи како и водење на евиденција за состојбата и работењето на подружниците;
- Вонредни дополнителни проверки и контроли;
- Учество во дополнителни работни процеси надвор од делокругот на основната дејност на работната позиција за потребите на компанијата;
Потребни квалификации:
- Место на живеење во околината на градовите Кочани и Штип, ќе се смета за предност;
- Задолжително поседување на важечка возачка дозвола Б категорија;
- Завршено образование во областа, ќе се смета за предност;
- Претходно работно искуство во областа, ќе се смета за предност;
- Способност за запазување на детали и рокови;
- Доверба, одговорност и дисциплина во работењето;
- Одлични комуникациски и организациски вештини;
- Способност за тимска работа;
Што нудиме:
- Компетитивна плата.
- Можност за дополнителни бонуси по проценка на Работодавецот, надвор од она што е наведено во Договорот за вработување, за извршени задачи со висок степен на ефективност во полза на Друштвото.
- Дополнителен надоместок за амортизација за употреба на сопствено возило или доделување на службено возило за потребите за извршување на работните задачи.
- Приватно здравствено осигурување.
- Редовни внатрешни и надворешни можности за обука.
- Динамична и одговорна работа во компанија со постојан раст.
- Работа со фантастичен тим од професионалци и индивидуалци, кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација.
- Учество во општествено одговорни активности.
Испратете го вашето CV и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација.