Vrabotuvanje.com - Регионален менаџер - Скопје - ДЕ-ТА ДЕЈАН ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Регионален менаџер

Скопје

Рок за пријавување:

  • ДЕ-ТА ДЕЈАН ДООЕЛ

 

Друштвото ДЕ-ТА Дејан ДООЕЛ постои од 1999 година. Сопственик е на ланецот продавници Сара Фешн во Македонија и Србија и официјален застапник за брендот Пенти во Македонија. 
Сара Фешн низ годините прерасна во една од најголемите македонски компании во својата област на производство и дистрибуција на долна облека и костими за капење. Денес, компанијата брои повеќе од 200 вработени лица, кои се една од клучните ставки на нивниот успех, бидејќи заедно со тимот ја следат визијата и мисијата на компанијата, а тоа е од домашен, да прерасне во Балкански, па понатаму и европски бренд за долна облека и костими за капење.

Sara Fashion објавува оглас за:

 

РЕГИОНАЛЕН МЕНАЏЕР


 
Одговорности:
  • Менаџирање на продажни процеси
  • Водење на анализа на продажба на неделно, месечно и квартално ниво по категорија артикли во сите продажни единици
  • Менаџирање на процеси со вработени 
  • Следење на перформансот на вработените врз основа на постигнат месечен таргет 
  • Обучување и менторирање на вработени

Потребни квалификации:

  • ВСС ќе се смета за предност
  • Претходно искуство во продажба - особено лидерска позиција во продажба се смета за предност
  • Задолжително познавање на Англиски јазик
  • Задолжително да поседува Возачка Б – категорија
  • Да поседува вештини за менаџирање и работа со тимови
  • Да ја познава продажбата и да е насочен кон остварување на продажни цели (таргети)
  • Високо развиени аналитички, логичко-нумерички вештини
  • Високо ориентиран кон остварување на цели
  • Проактивен вработен со самоиницијатива во извршување на работни задачи
  • Менаџирање, успешно со времето поставување правилно работни приоритети
Што нудиме:
  • Стартна фиксна нето плата + Бонусен систем на месечно ниво
  • Работно време од 08-16ч (пон-петок), викенди и празници слободни
  • Обука од стручно консултативно лице
  • Бенефицирана програма за лојални вработени 
  • Обезбедени технички средства за работа

Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете Ваша апликација со Професионална биографија, електронски преку полето Брза Апликација.

Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат како невалидни!
​Само апликантите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде