Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Од понеделник почнува и вакцинација на деца од 12 до 16 години
Од понеделник започнува теренската вакцинација со која ќе се дозволи вакцинирање и на деца од 12 до 16 години со вакцината на Pfizer
-
Изгор цени - што сè поскапе во јуни?
Трошоците на животот во јуни оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,5%, а кај цените на мало има пораст од 0,9%
-
АЛКАЛОИД основа свој ракометарски клуб
РК Алкалоид е новиот клуб во македонскиот ракомет. Тој ќе се натпреварува во Првата лига, целта ќе биде созадавање на квалитетна иднина на македонскиот ракомет, токму во овој тим ќе се гради светлата иднина на најуспешниот национален тим.
-
РАБОТОДАВАЧИТЕ ЈА ПРИФАТИЈА НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН - работникот мора да биде награден што не одмарал како и сите други
„Ние сме свесни дека работникот, наместо да биде како и сите други дома со своето семејство, работел во недела, и тој за тоа треба да добие соодветна сатисфакција, односно треба да биде награден“, вели Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи,
-
Едни се иселуваат, а други се доселуваат - Македонија полна со пусти села
Мислењата за иднината на македонските села се поделени. Граѓаните обично мигрираат од село во град, но иако во помал број сепак има и луѓе кои од урбана заминуваат да живеат во рурална средина
-
Затворен повикот за субвенции за вградување плински уред во возилата, поднесени 670 барања
„Според јавниот повик кој беше објавен на 7 јуни, сите граѓани кои ќе вградат ваков вид на уреди во своите возила, ќе можат да остварат право на поврат од 50 проценти од средствата за вградување, но не повеќе од 18.000 денари односно 300 евра“, велат од Министерството за економија.
-
Солени казни во Грција доколку не ги почитувате овие правила
Во зависност од тоа каде ќе одлучите да одите, ако одите со сопствено возило, важно е да ги почитувате сообраќајните прописи на секоја земја.
-
За три месеци отворени 93 нови онлајн продавници
Раст од околу 75 проценти на онлајн трансакциите е забележан во првиот квартал од годината, а за 126 проценти е зголемен прометот кон домашните е-продавници за 126 проценти, објави Асоцијацијата за е-трговија, повикувајќи се на податоците од Народната банка за безготовински платежни трансакции до 30 март годинава.
-
Уште оваа сезона работна за дискотеките, наесен уривање поради изградба на забавниот парк
Град Скопје одлучи летово да не ги урива дискотеките во Градскиот парк туку да им дозволи да работат уште оваа сезона. Уривањето е заради изградба на забавниот парк, кој според новиот план на градоначалникот, треба да биде проширен и на местото каде сега се наоѓаат летните дискотеки.
-
Расте бројот на заболени, Грција воведува нови рестрикции
Грција вчера објави зголемување на дневниот број на лица заразени со коронавирус и најави ново воведување на рестриктивни мерки.