Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Сончево и многу топло време
Времето во земјава ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец.
-
Најдобрите практиканти добија вработување во Дрекселмајер
Дрекслмајер и понатаму продолжува да го поддржува образованието на младите таленти во насока на создавање професионални кадри кои ќе придонесат за заедничкиот успех на компанијата. На обострано задоволство, избраните кандидати ги потпишаа договорите за вработување со што и официјално се дел од тимот на Дрекслмајер.
-
Бројот на дипломирани студенти опаднал за 12.3 % – најмногу дипломирале на Економски и Филозофски факултет
Вкупно 6907 студенти ги завршиле своите додипломски студии минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика
-
Делта сојот пристигна во МАКЕДОНИЈА? - Еве колку пациенти се заболени!
На денешната прес конференција министерот за здравство соопшти дека кај пациент од Велес е регистриран индискиот (делта) сој на коронавирусот. Со тоа, во земјава досега со делта сојот се заразени 4 пациенти, а за уште четворица се чекаат резултатите.
-
Почетокот на школската година ќе зависи од епидемиолошката ситуација во земјава
Почетокот на школската година повторно под прашалник
-
Сопствениците на кучиња ќе плаќаат по 2.000 денари казна ако кучето шета и го заловат од „Лајка“
Сопствениците кои ќе го остават кучето на улица или ќе им избега, ќе платат казна кога ќе биде заловено од ЈП „Лајка“. Според ценовникот на јавното претпријатие кој денеска треба да биде усвоен на седницата на Советот на Град Скопје заловување на домашен миленик на улица чини 2.000 денари, односно 2.500 доколку се употреби и анестетик. Потоа читањето на чипот за ветеринарите да ги откријат газдите на кучето чини плус 200 денари.
-
Бугарската компанија ја прекинува вакцинацијата на македонски државјани на граница на 31 јули
По месец и половина откако започна вакцинацијата на граѓани на границата со Македонија, бугарската компанија „Комак медикал“ ја прекинува соработката на 31 јули.
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец.
-
Горивата од денес со нови повисоки цени
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија 0,50 денари/литар.
-
1 навика ги разликува милионерите од лицата со просечни примања
Истражувањето покажало дека овие групи на луѓе се разликуваат, и тоа во една многу важна работа!