Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Италијански експерти: Мобилните телефони ја пренесуваат заразата
Мобилните телефони можат да го пренесат коронавирусот, сугерира истражување спроведена на италијанскиот универзитет „Тор Вергата” во Рим.
-
„Затоа станав милионер“ - Ричард Бренсон веќе 50 години прави една иста работа
70-годишниот Ричард Бренсон, основач на деловната група „Вирџин“ која денес брои околу 400 претпријатија, спаѓа помеѓу најбогатите луѓе на светот.
-
Директор одбил 97% од луѓето кои се пријавиле на оглас за работа и објаснил зошто
Еден работодавец се разлутил откако, во време на економска криза, морал да одбие 97 отсто од луѓето кои се пријавиле за работа бидејќи не ги следеле едноставните упатства од неговиот оглас
-
Opel ќе отпушти 2.100 вработени во Германија
Последиците од корона-кризата го наведоа менаџментот на Opel да најави работни откази. Во тој случај, најмногу луѓе ќе ги заминат од централата на марката на францускиот PSA Peugeot во Риселсхајм.
-
На вистинско место во вистинско време: Индустрии на кои короната позитивно влијаеше
Во време на економска криза на некои индустрии бизнисот им процвета.
-
СЗО: Ковид-19 се шири со невидена брзина со наближување на зимата
Светската здравствена организација предупреди дека Ковид-19 се шири со алармантно висока брзина во делови на северната хемисфера, неколку месеци пред зимската сезона на грип.
-
Што е employer branding?
Поимот employer branding претставува концепт што подразбира промовирање на компанијата како посакуван работодавач за одредена целна група. Целта на оваа опсежна активност е од компанијата да се развие бренд што ќе ги привлече потенцијални вработени, ќе им даде можност да работат и да ги задржат.
-
Во Шведска исчезнуваат банкнотите како платежно средство
Во Шведска веќе подолг период монетите и банкнотите не се омилено средство за плаќање, а кризата со новиот коронавирус само го зголеми трендот на безготовинско плаќање.
-
СЗО: Треба да се избегне затворање на училиштата поради пандемијата
Шефот на Светската здравствена организација вели дека треба да се избегне затворање на училиштата поради пандемијата на коронавирус и да се применува само на места со голема стапка на инфекција.
-
Колку кафиња дневно се доволни, а со колку се претерува?
Постојат огромен број видови на кафе – домашно кафе кое го правите дома, еспресо, филтер кафе, кафе без кофеин, кафе од апарат, нес кафе..