Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Петок неработен ден за граѓаните од муслиманска вероисповед
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 31 јули, петок, Курбан бајрам, првиот ден на Курбан бајрам, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија.
-
Бил Гејтс: Тестовите за коронавирус се промашени поради долго чекање на резултатите
Повеќето тестови за коронавирус во САД се целосно бесмислени, затоа што луѓето треба да чекаат долго на резултатите, истакна американскиот милијардер и филантроп. Повеќето резултати се чекаат повеќе од 48 часа, а таквото тестирање е целосно промашено, смета Гејтс.
-
Познат дизајнер подарува облека во вредност од 30 милиони евра
Добро познатиот италијански моден дизајнер Брунело Кучинели реши да ја донира колекцијата која остана непродадена поради пандемијата на коронавирусот.
-
Падна одлука во Google: Работа од дома до јули 2021
Технолошкиот гигант Google одлучи сите вработени во таа компанија да продолжат да работат од дома до јули следната година.
-
Понеделник е неработен ден - До крајот на годината уште 3 споени викенди
Во понеделник е неработен ден во Македонија за сите граѓани на нашата земја
-
Австрија: Синдикатот бара платена “пауза од маска“
Австрискиот синдикат ГПА бара платена 15-минутна пауза во продавниците по двочасовно работење со заштитна маска.
-
Едноставен тест со кој може да откриете колку вашата маска е ефикасна против корона вирусот
Направете го веднаш овој едноставен тест
-
Што е Каизен метода во бизнисот
Каизен или “постојана промена кон подобро” е јапонска филозофија фокусирана на континуирано подобрување на квалитетот, технологијата, процесите, бизнис културата, продуктивноста и лидерството. Доаѓа од јапонските зборови kai, што значи промена и zen, од добро кон подобро.
-
Наместо модели, новата колекција ја претставија вработените
Светски познатиот моден бренд Burberry моделите за претставување на новата колекција пролет – лето 2021 година, ги пронајде во своите редови
-
Не ве повикуваат на интервју? Еве каде грешите!
Можеби постојат грешки што вие не сте ги забележале, но затоа ги забележал вашиот работодавач.