Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Еве која е толеранцијата на камерите за мерење брзина во Германија
Многу наши граѓани често патуваат во Германија. Каква е толеранцијата на камерите за мерење на брзина на возењето таму?
-
Сакате да возите велосипед или ви фали кацига за тротинет?
Општина Центар распиша Јавен повик за доделување на поединечна субвенција за жителите на Општина Центар, за купување на дополнителна опрема, односно седишта за деца или кациги за велосипед, е-велосипед и е-тротинет во 2023 година.
-
Младите се повеќе се интересираат за македонската кујна
Мазници, питулици, кифли и други специјалитети од брашно, сол и вода, секогаш со љубов, се подготвуваат во домашната кујна на вредни домаќинки од Пелагонија, кои посебно се мотивираат кога своите производи ги изложуваат на саемски манифестации, натпревари и други собири.
-
Скопскиот аеродром го модернизира ракувањето со багаж
Подобрување и модернизација на инфраструктурата и технологијата што се користи за ракување со регистрираниот багаж на патниците на Меѓународнот аеродром Скопје, најавува концесионерот, ТАВ Македонија.
-
АКО САКАТЕ ДА ПОЛАГАТЕ ЗА ВОЗАЧКА ВО ГЕРМАНИЈА ЌЕ „БАНКРОТИРАТЕ“: Цените одат и до четири илјади евра!
Часовите за обука за возење во Германија се поскапи од кога било досега, пишуваат германските медиуми и наведуваат дека оние кои сега сакаат да седнат зад воланот на автомобилот мора да издвојат од 3.000 до 4.000 евра. Ова, предупредува германскиот автомобилски клуб (AvD), ќе доведе до тоа возачката дозвола да остане сон за оние со ниски, па дури и средни примања.
-
Во источна Германија уште се земаат пониски плати отколку во Западна
Работниците на истокот на Германија сè уште се помалку платени отколку на запад, повеќе од 30 години по повторното обединување, според студија на економскиот институт ifo.
-
Колку пчели ви се потребни за да живеете само од продажба на мед во Македонија?
Пчеларството е една од најстарите и најприродните занимања кои му ги нуди самата природа на човекот. Пчелите не само што произведуваат мед и други корисни производи, туку и ги опрашуваат растенијата и придонесуваат за биодиверзитетот.
-
Пивото чини помалку од шише вода во овие градови
Дебрецен, град во северна Унгарија, е место каде што треба да бидете жедни и со ограничен буџет.
-
Тоалетна хартија со помалку листови, чоколадо и шеќер со помала грамажа, детергент од 750 мл
ТРГОВСКИ ТРИКОВИ – ЧЕСТО КУПУВАТЕ ИСТИ ЕВТИНИ ПРОИЗВОДИ, А ПАРИЧНИКОТ ВИ Е СẺ ПОПРАЗЕН
-
Им било премногу бучно, Холандија крати 10.000 летови на аеродромот во Амстердам
Холандските власти ќе го намалат бројот на летови на аеродромот Схипол во Амстердам во обид да го намалат звучното загадување – чекор што ги натера авиокомпаниите да тужат и да го повикаат Вашингтон да се одмазди.Петтиот по големина аеродром во Европа ќе дозволи околу 9.100 летови помалку во распоредот наредното лето, со надеж дека на крајот ќе ги намали движењата на околу 452.500 годишно.