Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Главниот град на Индија повторно најзагаден: Затворени се училиштата, луѓето се чувствуваат лошо
Индискиот главен град Њу Делхи денеска е обвиен со дебел слој на токсично загадување, поради што некои училишта се затворени и се забележува зголемување на здравствените проблеми.
-
Маслиновото масло поскапело за 75 отсто
Цените на храната во ЕУ, по значителниот скок во 2022 година, продолжуваат да растат оваа година, а маслиновото масло во септември поскапело за 75 отсто отколку во јануари 2021 година, објави Евростат.
-
Отворен стационар за бездомни кучиња во Гевгелија
Гевгелија отвори стационар за бездомни кучиња со што и официјално започна со решавање на овој проблем кој важи за еден од најгорливите во речиси сите општини од југоистокот на државата.
-
Нови трошоци за возачите – вулканизерите не „пумпаат“ гума за помалку од 300 денари
Со приближувањето на 15 ноември, кога истекува крајниот рок за промена на летните гуми и монтирањето зимски гуми на возилата, многу наши сограѓани, возачи на автомобили, се соочуваат со високи трошоци за оваа услуга.
-
Ако го имате овој дрес на Југославија може да заработите богатство
Една од поинтересните приказни за дресовите на Адидас е поврзана со учеството на Југославија на Светското првенство во 1990 година. Сега овој дрес вреди вистинско богатство кај колекционерите.
-
Денес попладне ни доаѓа невреме: Ветер и до 60 километри на час и обилни врнежи
УХМР ја објави тридневната временска прогноза.
-
Почнува голема криза во секторот недвижности: Еве кои земји се најпогодени
Европската унија се соочува со голема криза во секторот на недвижности, пред се во новоградбите.
-
Програмер, систем инженер, сметководител – Народна Банка бара повеќе кандидати, плата над 38 илјади
На веб страната на Народна банка објавен е оглас за вработување со кој се бараат кандидати за неколку работни места.
-
Дали можете да ја најдете ташната која е различна од сите?
Не е лесно
-
Продолжува растот на цените на храната во ЕУ
По значителните поскапувања во текот 2022 година, цените на прехранбените продукти во ЕУ продолжија да растат и оваа година, при што нивниот раст забави во текот на вториот и третиот квартал, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат.