Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
ТИТУЛАТА МАГИСТЕР НЕ ГАРАНТИРА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве колку невработени бараат работа и со какво образование
Податоците за невработени лица кои трагаат по работа покажуваат дека ниту титулата доктор на науки не гарантира вработување во Македонија.
-
Хрватска не може да опстане без странски работници: Просечната плата мамка за странци
Се проценува дека годинава Хрватска ќе издаде меѓу 160 и 180 илјади дозволи за престој и работа за странски работници, бидејќи побарувачката за нив е голема, особено во градежништвото и туризмот, беше речено на тркалезната маса на Хрватската стопанска комора.
-
Ќе работиме ли до 70 години?
Европа изминатиов период ја потресе темата за старосната граница за пензионирање која ја иницираше Франција. Емануел Макрон, претседателот на Франција сака да спроведе реформа со која ќе се пензионира на 64 наместо на 62, како што беше случајот досега.
-
Објавен оглас за работници за автопатите на Бехтел и Енка, основни плати до 70 илјади денари
Јавното претпријатие за државни патишта објави оглас за привремено вработување на работници за проектот за изградба на четирите автопати на изведувачот Бехтел и Енка на Коридорот 8 и 10д. Вработувањата ќе траат до завршувањето на проектот, како што пишува во огласот, до 22 јануари 2028.
-
Стотици Норвежани ја тужат државата поради бучавата од Ф-35
Норвешка ја очекува многу необично судење во кое 220 сопственици на земјиште ја тужат државата поради неразумно високите нивоа на бучава од воздухопловната база „Орланд“, каде што треба да биде сместена целата флота од борбени авиони Ф-35, пренесува норвешката ТВ-2.
-
Преселете се и заработете од 28.000 до 50.000 евра: Ова се градовите на кои им требаат нови жители!
Европските градови со мало население нудат дарежливи парични стимулации за новите жители.
-
Некои од горивата поскапуваат, други остануваат со исти цени
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14 отсто во однос на одлуката од 10.4.2023 година.
-
СКАПО ЌЕ ГИ ПЛАТИТЕ ПЛАТЕНИТЕ СМЕТКИ ШТО СТЕ ГИ ФРЛИЛЕ: Ова важи и за оние што плаќале онлајн-еве зошто
Сите заостанати сметки за комунални услуги, струја, кабловска телевизија и телефони застаруваат по одреден временски период.
-
Лојалност - доблест што се цени или слабост поради која не експлоатираат?
Компаниите сакаат лојални вработени, а повеќето истражувања покажуваат дека токму таквите вработени имаат позитивен ефект врз бизнисот во целина. Од друга страна, се чини дека тие се најмногу експлоатирани од работодавачите.
-
Работна недела со четири дена за работниците е здравје, среќа и пари
Според работниците кои биле вклучени во истражувањето придобивките се: помал стрес, подобро ментално здравје, помалку негативност, повеќе време за вежбање и полесно спиење.