Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Македонија лидер во Европа по бројот на пушење цигари
Шведска е на пат да стане првата земја на непушачи.
-
Нови цени за ноќевање во Охрид за празниците!
Македонија останува најевтина дестинација во регионот и покрај поскапувањето на услугите
-
Утре избегнувајте ја „Илинденска“, ќе има посебен сообраќаен режим
Утре (недела, 9 април 2023) со почеток во 10 часот ќе има посебен режим во сообраќајот на булеварот „Илинден“ поради одржување на улична трка на три километри насловена како „Женска трка 2023“ во организација на Сојуз на спортови на Скопје.
-
Во штипската болница има 100 здравствени работници помалку
Од почетокот на годината штипската Клиничка болница работи со 100 вработени помалку. Дел од медицинскиот кадар заминал во пензија, дел во странство, а дел во приватните ординации.
-
Температурата на океаните на почетокот на април е највисока во историјата
Просечната температура на површината на светските океани на почетокот на април достигна 21,1 степен, што е највисока во историјата од почетокот на сателитското снимање.
-
Јагнето e извезено, домашната цена над 500 денари: Сточарите се жалат, за граѓаните е скапо
Македонското јагне е извезено на европскиот пазар за католички Велигден, а сега стигнува во домашните месарници. Кланичарите велат дека годинашниов извоз е нешто помал од лани.
-
Кумановци уште три месеци ќе користат бесплатен превоз
Кумановци уште три месеци ќе го користат бесплатниот автобуски превоз, одлучи мнозинството советници на последната седница на советот. За оваа намена ќе се одвојат дополнителни 15 милиони денари од општинскиот буџет. Со претходната одлука, бесплатниот превоз можеше да се користи од јануари до јуни, годинава.
-
Германија воведува месечен билет од 49 евра за патувања низ целата земја
Германската влада воведува месечен билет од 49 евра за да помогне во ублажување на трошоците за живот и промовирање на користењето на јавниот превоз. Колку е тоа револуционерно?
-
Отворени врати на Webhelp во Тетово!
12 и 13 Април во Хотел Меркур
-
Предлог-законот со кој износот за студентски оброк треба да се покачи на 140 денари влезе во Собрание
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк што предвидува дневната сума наместо 120 од април да биде 140 денари е во собраниска процедура. Пленарната седница на која пратениците ќе го разгледуваат предлогот е закажана за 19 април.