Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Меѓу најевтините градови за живеење и Лариса од Грција
Од тропски остров на брегот на Мароко до тајландски храм и рај за храна се најдоа на списокот на градови каде што трошоците за живот се релативно ниски.
-
Само во 13 земји и територии во светот се дише чист воздух
Може да се каже дека само 13 земји и територии во светот имаат здрав квалитет на воздухот, а нивото на загаденост на воздухот достигна рекордно високо ниво во 2022 година. Ова го покажуваат податоците во извештајот на швајцарската компанија IQAir, која го следи квалитетот на воздухот ширум светот.
-
Јавен повик за субвенционирање за возачка Б категорија
Со вкупен буџет од 5.000.000 денари, од денеска започна акција за субвенционирање на жители на локалната самоуправа кои сакаат да полагаат за возачка дозвола (Б категорија), при што целосно ќе ги покрие трошоците за обука од теоретскиот и стручниот дел од испитот.
-
Бунт поради летното сметање на времето во Либан: Премиерот го укина одложувањето
Либанскиот премиер во заминување Нагиб Микати и неговиот кабинет вчера ја укинаа одлуката за поместување на почетокот на летното сметање на времето, што предизвика вознемиреност и ја подели земјата со повеќе религии.
-
Утре замрзнување на цените на хигиенските производи, во текот на неделата и на дел од овошјето и зеленчукот
Министерот за економија денеска најави дека најверојатно утре, на владина седница, ќе се донесе одлука за замрзнување на цените на хигиенските производи, а во текот на оваа недела ќе бидат замрзнати и цените на дел од овошјето и зеленчукот.
-
Колку чини титула доктор на науки во Македонија? Лани дури 64 странци се закитија со неа!
Дали е вообичаено една третина од сите лица што лани станале доктори на науки во земјава да бидат странци?
-
АПАРТМАНИТЕ НА ЈАДРАН ПРЕСКАПИ И ЗА СЛОВЕНЦИТЕ: Што добивате за неверојатни 8.885 евра за еднонеделно летување?
Во пребарувачот за туристичко сместување Booking.com N1 Словенија прегледа пет хрватски места каде Словенците сакаат да летуваат: Макарска, Дубровник, Задар, Крк и Рабац.
-
ФОТО: Падна снег во Скопје!
Најавеното заладување пристигна. Силен ветер буквално "бричи" надвор,а на скопската планина Скопска Црна Гора,се забалежуваат обелени врвови од снег, како што и беше најавено.
-
На која возраст младите во Македонија се иселуваат од родителскиот дом?
Интересна мапа споделена на Instagram и TikTok ја покажува просечната возраст на која младите го напуштаат домот на своите родители.
-
Работници нема ни за лек – каде отидоа? Отидоа каде што ги плаќаат колку што треба
Којзнае колку години по ред читаме за работодавци кои се жалат дека не можат да најдат сезонски работници за 600, 800, 1000 евра