Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Graduate програмата на Дамила е одлично место за почеток на вашата кариера
Програмата ја одреди насоката на нашите кариери, не научи да работиме како тим и не подготви за следните професионални предизвици.
-
Поскапуваат бензините, дизелот поевтинува – ова се новите цени
Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,31% во однос на одлуката од 6.3.2023 година.
-
НОВ ПРЕДЛОГ: Бесплатен јавен превоз за сите средношколци!
Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија (ССРСМ) денеска во Собранието ќе поднесе Предлог за измени и дополнување на Законот за средно образование, во членот што се однесува на правото на превоз на учениците, со кој бараат бесплатниот превоз да важи и за средношколците од приватните училишта и за учениците со попреченост од државните училишта.
-
Пенизонерите од Штип не чекаат за огревно дрво - Купуваат сега за следната сезона
Штипските пензионери побрзаа со обезбедување на огревно дрво за следната грејна сезона. Заинтересираноста е голема и покрај високата цена. Метар просторен бука им се продава по 5.000 денари, а 4.900 денари чини метар кубен дабово огревно дрво. Набавката се врши преку Здужението на пензионери.
-
Од утре минималната плата над 20.000 денари
Сметките на околу 80.000 работници кои земаат минимална плата ќе бидат повисоки за 2.175 денари. Минималецот од 18 се зголемува на над 20.000 денари. Согласно законските измени, како што растат трошоците за живот и просечната плата, така се зголемува и најниската . Ако сака бизнисот да опстои и да не остане без кадар, мора да ги зголеми платите, велат од Организацијата на работодавачи.
-
Внимавајте каде паркирате: Изречени 242 казни за непрописно паркирани возила во Центар
ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 242 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
-
Инфлацијата во ЕУ лани 9,2%, најмногу поскапеле струјата, горивата и храната
Во 2022 година, инфлацијата во ЕУ достигна највисоко ниво измерено досега од 9,2%. Во споредба со 2021 година, кога годишната вредност беше 2,9%, стапката на инфлација е зголемена повеќе од тројно, објави Еуростат.
-
Белгија забранува TikTok
Повеќе нема TikTok во Белгија
-
Ќе се изненадите од работните позиции за кои во соседството се нудат високи плати - секој може да ги работи
Иако ИТ секторот моментално доминира во однос на платите секаде во светот, како и сложеноста на извршувањето на задачите, сепак може да се најдат работни места за кои не се потребни претерани вештини или искуство.
-
Германски аеродроми најавија голем штрајк, ќе бидат откажани над 350 летови
Четири германски аеродроми ќе работат со намален капацитет в понеделник, а 351 лет ќе бидат откажани поради планираниот 24-часовен прекин на работата на персоналот задолжен за безбедносната контрола, соопшти денеска синдикатот Верди.