Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Една четвртина од французите не се чувствуваат способни за работа до пензија
Една четвртина од испитаниците французи изјавиле дека не се чувствуваат способни за работа до пензионирањето, покажува истражувањето објавено во време на дебата за зголемување на старосната граница за пензионирање во Франција од 62 на 64 години.
-
Идната недела можно замрзнување на цените и на шеќерот, јацата и оризот
Идната недела ќе се направат анализи и ќе се утврди дали ќе бидат замрзнати цените и на шеќерот, јацата и оризот, изјави Владата.
-
Вака настанала најпознатата компјутерска позадина на сите времиња
Иако многумина се убедени дека славната фотографија е доработена или целосно вештачка, тоа воопшто не е точно. Ова е приказна за тоа како настанала најпознатата компјутерска позадина на сите времиња.
-
Сместувањето на Јадранот ова лето поскапо од било кога
Одморот на Јадранот летово би можел да биде поскап од кога било – веќе се најавува дека цените на приватното сместување во просек ќе бидат повисоки за 30 отсто.
-
Познато каде ќе бидат првите маркети на Лидл во Македонија!
Германскиот голем трговски синџир „Лидл“ ја купил локацијата на „Бриколаж“ од компанијата „Скопски пазар“, дознава Фактор ексклузивно.
-
Сметките за струја, вода, телефон...ќе може да се платат и во маркет
Сметките за комунални услуги, како струја, вода, телефон, парно греење, освен во банки како досега, ќе може да се плаќаат и во штедилници, продавници и маркети, како и во секое трговско душтво кое има дозвола од Народна банка за вршење на овие услуги.
-
Потребни ли му се на Скопје пунктови за рентање на велосипеди и тротинети?
Иако се декларира како вело град во Скопје нема пунктови каде се изнајми велосипед или пак електичен тротинет.
-
Официјално: Се замрзнуваат и намалуваат цените на тестенините и млечните производи!
Владата денеска одлучи да се замрзнат цените на тестенините и основните млечни производи, соопштија денеска на прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија, Крешник Бектеши.
-
ТАВ најавува: Croatia Airlines ќе воведе сезонска авиолинија Скопје – Сплит
Хрватскиот национален превозник, Croatia Airlines, ќе воведе нова сезонска авиолинија на релација Скопје–Сплит, од 12-ти мај годинава, најавува ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите меѓу Меѓународниот Аеродром Скопје и аеродромот во Сплит.
-
На Германија ѝ недостасуваат два милиони работници
Во последниот квартал од 2022 година, германските работодавци не можеа да најдат луѓе за 1,98 милиони работни места, повеќе од кога било, објави во четвртокот Институтот за истражување на пазарот на труд и трговија (ИАБ).