Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Од март скопјани ќе плаќаат поскапа вода за пиење
Водата за пиење за скопјани поскапува од предвидените 23,14 денари просечна тарифа по метар кубен на 26,36 денари.
-
ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ: Колкава просечна плата ќе имаат Србите наскоро?
Растат платите кај северниот сосед. Просечната плата во соседна Србија до крајот на годинава ќе изнесува 816 евра.
-
Невработеноста за пет години речиси преполовена
Ќе се поедноставува најмувањето работници за привремени, повремени и сезонски ангажмани – барем ваква е намерата на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Економско-социјалниот совет.
-
Најголемото тестирање на четиридневната работна недела во светот помина успешно
Тестирањето на четиридневната работна недела покажало дека огромното мнозинство од 61 компанија кои учествувале во неа од јуни до декември ќе продолжат со пократката работна недела бидејќи повеќето вработени се помалку под стрес и се чувствуваат подобро бидејќи работата и животот им се побалансирани.
-
Хрватската Влада предложи забрана за работа во недела, со најмногу 16 работни недели годишно
Владата на Хрватска денеска до Собранието го достави конечниот предлог-закон за трговија со кој начелно се забранува работа во недела, со можност за 16 работни недели годишно.
-
Во Хрватска има недостиг од работници за дури 28 професии
Цела Европа се соочува со недостиг на работна сила и во висококвалификуваното и во пониското стручно образование. Три четвртини од работодавачите во ЕУ прифаќаат потешкотии во наоѓањето работна сила како во Хрватска така и во Европа.
-
Македонската дијаспора во ЕУ во 2021 година испратила 325 милиони евра
Македонските иселеници кои живеат и работат во ЕУ во 2021 година испратиле во земјава 325 милиони евра, покажуваат податоците на Евростат.
-
Инфлуенсерите ќе мора да плаќаат данок на нивните заработки, предупредува УЈП
Данок да се плаќа и на подароците
-
Кои се актуарите и зошто се најдобро платени математичари во финансиската индустрија?
Заради големиот интерес за обука и полагање регулаторот на осигурителниот пазар АСО идната седмица ќе распише оглас за обука и полагање за овластени актуари.
-
Македонија вози поефтин бензин од повеќето европски земји: Најефтин е во Русија, а најскап на Исланд
Цените се речиси двојно зголемени на некои места, особено на европскиот континент. И додека цените растат, синџирите на снабдување се напнати, што веќе доведе до ограничена достапност на одредени производи.