Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Овие земји во Европа бараат странски работници
Европските земји патат од недостаток на сезонски работници.
-
Тестенините ќе поевтинат за 10%, за млекото ќе видиме
Утре ќе биде објавено колкави ќе бидат замрзнатите цени на тестенините и млечните производи.
-
Унгарија испраќа нови полициски единици во Македонија и Србија: Опремени со моќни уреди
Унгарската полиција испраќа нови единици во Македонија и Србија, со цел да се спречи влез на илегални мигранти во Унгарија и на територијата на ЕУ.
-
Со косовски пасош во ЕУ без виза – Косово доби безвизен режим
Советот на Европската Унија, денеска во прво читање, усвои став за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово најдоцна од 1 јануари следната година. Се уште се чека потврдата од Европскиот парламент за одлуката да биде конечна.
-
Се чека голема одлука: Дали Европејците засекогаш ќе останат без Фејсбук и Инстаграм?
Технолошкиот конгломерат Мета, сопственик на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм и комуникациската платформа WhatsApp, во наредните месеци ќе се соочи со тужба која би можела да ја принуди да го одбие пристапот до Фејсбук за Европејците, пренесува Политико.
-
Учебници навреме и без грешки, гарантира новиот закон што се изработува
Во моментов се изготвува првата нацрт верзија на новиот Закон за учебници во основното и средното образование на којашто работи група составена од претставници на повеќе институции и чинители на воспитно – образовниот процес.
-
Млекото во Австрија е поевтино отколку во Македонија
Не може млекото да биде поскапо во Македонија отколку што е во Австрија. Во моментов тетрапак млеко во Македонија е 80 денари, во Австрија е 1.25 евра, вели економистот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии.
-
АНАЛИЗА: Почна “ловот” на сезонски работници во регионот, дома драматичен раст на слободните работни места
Земјите од опкружувањето - Грција, Хрватска, Бугарија и Словенија претежно бараат келнери, бармени, хигиеничарки, кувари – кадар кој е дефицитарен и во земјава.
-
Можат ли парите да нѐ направат среќни? Што велат нобеловци
Дали парите можат да купат среќа? Не мора. Неколку студии ја истражуваа врската помеѓу платата и задоволството, и излезе дека сумата потребна за да се направи една личност да се чувствува среќна и задоволна е далеку под онаа на Илон Маск или Џеф Безос.
-
Маркетите менуваат цени, покрај лебот поевтинуваат и зејтинот и тестенините
Маркетите започнаа со промена на цените на дел од основните прехранбени производи. По лебот, кој само пред неколку месеци се купуваше дури и за десет денари поскапо, на ред за поевтинување дојдоа тестенините, а најава има и за зејтинот и млечните производи.