Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
ЈП „Градски паркинг“ од утре со променето работно време
Од ЈП „Градски паркинг“ ги информираат корисниците дека од утре, 1.10.2022, започнува да се применува ново работно време на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП ,,Градски паркинг”- Скопје.
-
Пад на доларот, посилно евро и фунта, но и нафтата поскапе
Вредноста на доларот во однос на кошничката валути на пазарот драстично падна од највисокото ниво во последните 20 години.
-
Холандија во шок: Инфлацијата нагло порасна на 17 отсто, многу повеќе од соседството
Холандија е во шок, бидејќи инфлацијата се искачува до рекордни 17 отсто, а цените растат многу побрзо отколку во соседните земји.
-
"Гугл" ќе инвестира 2,2 милијарди евра во Грција и ќе отвори 20.000 работни места
„Гугл“ објави дека ќе воспостави своја инфраструктура за услуги во облак (cloud services) во Грција, давајќи ѝ поттик на земјата во обидите да стане светски технолошки центар.
-
СП 2022: Вакцинирањето против Ковид – 19 нема да е задолжително за фудбалските навивачи
Вакцинирањето против коронавирусот нема да биде задолжително за фудбалските навивачи на претстојното Светско првенство во Катар, но сите посетители ќе мораат да покажат негативен тест на Ковид – 19, соопштија денеска катарската Влада и Врховниот организациски комитет.
-
Сите чекаат профит од работникот, но никој не го штити од злоупотреби
Кршењата на работничките права се секојдневие, а заштитата секогаш е задоцнета или отсутна, па затоа и масовната разочараност помеѓу народот расте.
-
На улица за 300 луѓе сега живеат 3.000, може ли Скопје навистина да "издржи"!?
Скопје е веќе пренаселен град и прво треба да се запре населувањето во него, а потоа и да се размислува и за пренасочување на градбите, од центарот кон периферијата, кон северниот дел на градот.
-
Одгледувањето дете до 18 години во Германија чини вкупно 150.000 евра
Сојузната статистичка канцеларија во Германија објави истражување за семејните трошоци за децата. Според тоа, пресметките говорат дека просечниот трошок на родители на дете до 18 години изнесува околу 150.000 евра.
-
Италија ја укинува обврската за носење маски во јавниот превоз
Италијанците повеќе нема да бидат задолжени да носат маски во јавниот превоз, соопшти Министерството за здравство.
-
Изменет возен режим на јавниот превоз заради „Виз Ер Скопски Маратон 2022“
Од ЈСП Скопје информираат дека во недела (02.10.2022 година), во период од 7 до 13.30 часот поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2022“, дел од возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај.