Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Нови цени на горивата во Македонија!
Денес Регулаторната Комисија за енергетика се очекува да ги утврди новите цени на горивата во Македонија.
-
Наутро студено, а потоа следува промена!
Времето утрово ќе биде студено за овој дел од годината, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност претежно во северните делови.
-
Што може да научите од лошиот шеф
“Она што не нè убива нè прави посилни“. Најчесто ќе прочитате дека најдоброто нешто што може да го научите од лошите шефови е како да не управувате со вработените. Но, покрај тоа постојат и други работи што може да ги научите лошиот шеф, а не можете од добриот.
-
Зошто не треба да се излежувате во кревет за време на викендите?
Психологот д-р. Шелби Херис открива како да се наспиете после напорната недела и зошто не е паметно да се излежувате во кревет до претпладне.
-
Во Хрватска кило кашкавал 3.000 денари, кај нас 750 денари, цената на млечните производи ќе расте
Во Хрватска кило кашкавал се продава по 50 евра, а кај нас стигна до 750 денари.
-
Делови од општините Карпош, Гази баба и Сарај утре ќе останат без струја
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, на ден 19.09.2022 година (понеделник), без електрична енергија ќе останат следните корисници:
-
Нема кој да работи: Девет од 10 германски фирми немаат квалификувани работници
Огромно мнозинство германски компании неуспешно бараат поквалификувани работници и бараат полесен увоз на работна сила, објави во петокот економскиот институт Ifo.
-
НАСА објави слики од Охридското и Преспанското Езеро: Музеј на живи фосили стари милион години
Светската вселенска агенција НАСА објави сателитски снимки од Охридското и Преспанското Езеро, две од најстарите езера во Европа. НАСА во објавата дава опис на езерата низ времето, нарекувајќи го Охридско музеј на живи фосили стари милион години.
-
Во Швајцарија гордост е да се биде пекар, молер, кројач, готвач… Каква е ситуацијата кај нас!?
Децата го учат тоа што вистински го сакаат, не трчаат по универзитетски дипломи. Горди се ако стекнат звање пекар, фризер, водоинсталатер, плочкар, заварувач, механичар, козметичар, кројач, готвач, а како професионалци во својата струка високо се ценети од државата и општеството. Имаат можност да работат од 15 години, но и многу лесно понатаму да се преквалификуваат или доедуцираат.
-
Кумановци избегнуваат воз и патуваат со автобус - која е причината?
Кумановци до Скопје најчесто патуваат со автобус, а многу ретко со воз.