Vrabotuvanje.com - Дипломиран фармацевт - Стручен соработник - Скопје - MEDIKUS
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дипломиран фармацевт - Стручен соработник

Скопје

Рок за пријавување:

  • MEDIKUS
  • Адреса: Христо Батанџиев 104Б, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.medikus.com.mk
 
За потребите на МЕДИКУС дооел Скопје, ексклузивен увозник на италијанската компанија ЕСИ с.п.а. од Италија, бараме 
 
Дипломиран фармацевт - Стручно-комерцијален соработник
3 (три) извршители
 
Од кандидатите се очекува да покажат ентузијазам за понатамошно развивање на бизнис операциите на пазарот и да бидат подготвени за имплементирање на најдобрите практики во сите области на работата.
 
Одговорности:
  • Остварување на предвидениот план за продажба
  • Спроведување на предвидените маркетинг активности
  • Промоција, презентација и продажба на фармацевтски производи
  • Посета на лекари и фармацевти 
  • Постојан професионален развој и стручно унапредување преку присуство на конференции и семинари
  • Градење на добри релации со клиентите и репрезентирање на компанијата ЕСИ и производите
  • Поднесување на извештаи за посетите на клиентите, продажбата, трошоците и промотивните активности во зададениот регион
 
Потребни квалификации:
  • Универзитетска диплома VII степен (фармацевтски факултет)
  • Валидна возачка дозвола (Б-категорија) и возачко искуство
  • Одлично познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачите
  • Одлични организациски способности и вештини на планирање
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини
  • Одлично познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски
 
Профил на идеалниот кандидат:
  • Подготвен за патување
  • Ориентиран кон резултати
  • Посветен на работата и реализација на зададените цели
  • Добар слушател и комуникативен
  • Лојален и дискретен
  • Отворен и искрен
  • Тимски играч
 
Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим и ги исполнувате горенаведените услови потребно е да испратите:
  • Резиме (кратка биографија) со фотографија, 
  • Мотивациско писмо,
  • Уверение за завршено соодветно образование, како и
  • Копија од возачка дозвола
Најдоцна до 30.04.2019 година преку полето Брза Апликација
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде