Vrabotuvanje.com - Референт за човечки ресурси - Скопје - ПЕКАБЕСКО АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Референт за човечки ресурси

Скопје

Рок за пријавување:

  • ПЕКАБЕСКО АД


ПЕКАБЕСКО АД
Ул.10 бр.44 Кадино Илинден
АКO САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ТИМОТ НА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

Производителот на сувомеснати производи и трговец на големо  со прехранбени производи  ПЕКАБЕСКО АД заради остварување на целите Ви ja нуди слободнaвa работнa позициja:

РЕФЕРЕНТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за водење на целокупната кадрова евиденција, изготвување на огласи за отворени работни места и спроведување на истите, пријава и одјава на работници од работен однос, спроведување на план за користење на годишни одмори на вработените и изготовка на решенија за одмори, спроведување и евиденција на обуки, систематски издравствени прегледи на вработените, изготовка на извештаи од областа на човечките ресурси , како и други активности од областа на човечките ресурси и управување со истите .
 

Потребни квалификации: 
  • ВСС /VII степен образование, 240 кредити според ЕКТС
  • Право или друг факултет од областа на општествените науки
  • Работно искуство најмалку 4 години во областа на човечките ресурси
  • Одлично познавање на MS Excel и другите Microsoft Office апликации
  • Познавање на англискиот јазик 
  • Возачка  дозвола Б категорија
 
Конкурентски предности:
  • Желба за работа во средина со високи барања
  • Одлични аналитички и, комуникациски и организаторски спосбности
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност 
  • Тимска работа и кооперативност
  • Решавање на проблеми
Работниот однос е на одредено време од 3( месеци) со можност за продолжување ,работното време е понеделник – петок ,а неделното работно време изнесува 40 часа,избор ќе се изврши во рок од 5 дена по истекот на рокот за пријавување  во зависност од бројот на пријавените кандидати. Висина на нето плата 30.000,00 денари + топол оброк .

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:   

  • Мотивациско писмо 
  • Биографија (CV)
  • Доказ за завршено образование​


Напомена - молбите на кандидатите кои го немаат потребното образование и кои немаат работно искуство во струката нема да се разгледуваат.

Испратете го вашето CV (молба) преку полето Брза Апликација, Апликациите да се достават заклучно со  24.09.2021 година.

Ќе бидат контактирани кандидатите кои ги задоволуваат критериумите

 

Пекабеско АД

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Човечки ресурси изнесува 36.801 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде