Vrabotuvanje.com - Специјалист за регрутација (Recruitment Specialist) - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Специјалист за регрутација (Recruitment Specialist)

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА



КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. 
 
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Фолксваген, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ланд Ровер. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ  и баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, заради проширување на обемот на активности и трансфер на нови проекти, има потреба од: 
 
Специјалист за регрутација (Recruitment Specialist) во Секторот за човечки ресурси
 
 
Работни задачи и одговорности: 
  • Активности на подршка на менаџерот за човечки ресурси во делот на креирањето на планот за новите вработувања 
  • Креирање и објавување на огласи на портали за вработување и други социјални мрежи (Facebook, LinkedIn, компаниски ATS, и слично);
  • Регрутација и пред-селекција на потенцијални кандидати користејќи различни канали и извори, креирање на ростери за регрутација, соработка со headhunting агенции;
  • Активности на селекција и учество во интервјуата за работа, заедно со претставник на секторот за чии потреби се врши регрутацијата; 
  • Активности на on-boarding на новите вработени, меѓу кои и асистирање при воведниот тренинг за новите вработени (тренингот за насочување)
  • Изготвување на различни видови на извештаи по барање на претпоставениот раководител;
  • Работа на проекти од доменот на Секторот за човечки ресурси;
  • Други работни задачи по налог на претпоставен раководител; 
 
Образование, искуство, вештини:
  • ВСС од општествени науки (Психологија, Менаџмент за човечки ресурси, Право, Eкономија);
  • Искуство од најмалку 2 години работно искуство во областа на менаџмент на човечки ресурси;
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);  
  • Познавање на Microsoft Office (Word, Excel, Power Point, Outlook);
  • Пожелно искуство во производна средина;
 
Што обезбедуваме:
  • Конкурентни примања на македонскиот пазар;
  • Здраво и безбедно работно опкружување;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Сигурност на вработувањето;
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан;  
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја Вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик преку полето Брза Апликација
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Човечки ресурси изнесува 36.801 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде