Vrabotuvanje.com - Kоординатор за заштита на животната средина и управување со отпад - Скопје - ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Kоординатор за заштита на животната средина и управување со отпад

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

Kоординатор за заштита на животната средина и управување со отпад

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
  • Одговорен е за имплементација на сите корпоративни политики за заштита на животната средина и управување со отпад согласно со позитивните законски прописи на РСМ кои ја регулираат соодветната материја;
  • Врши внатрешен надзор над спроведување на мерките за заштита на животната средина и управувањето со отпад;
  • Директно ги надгледува и/или врши инспекција/анализа на ризикот врз животната средина и управувањето со отпад, во поглед на сите постројки и опрема на компанијата;
  • Извршува истраги за инциденти поврзани со животната средина и управувањето со отпад, со цел идентификување на причините и давање на препораки за намалување или елиминирање на опасностите по животната средина;
  • Планира, организира, развива и спроведува разни потребни обуки за заштита и унапредување на животната средина и управувањето со отпад;
  • Презема студии за операциите и процесите со цел да се обезбеди да бидат во согласност со најдобрите стандарди за животна средина;
  • Обезбедува поддршка и совети на други сектори во компанијата за да се осигура дека тие се свесни за своите обврски во согласност со стандардите за животна средина и управувањето со отпад;
  • Во случај на потреба го заменува Координаторот за безбедност и заштита при работа или врши други работни задачи по налог на претпоставениот раководител.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Висока стручна подготовка - Машински факултет; Факултет за интердисциплинарни студии за заштита при работа и животна средина; или друг технички факултет;
  • Работно искуство во имплементација на ИСО 14001;
  • Уверение за положен стручен испит за управител за отпад ќе се смета за предност;
  • Работно искуство најмалку од 1 година во производна средина ќе се смета за предност;
  • Уверение за положен стручен испит за безбедност и здравје при работа, ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на англиски јазик (говорење/читање/пишување);
  • Одлично познавање на Microsoft Office алатките;
  • Способност за работа во тим;
  • Способност за работа во динамична средина.

ШТО НУДИМЕ:

  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
  • Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места
 

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.com/mk, во делот “Кариери”. 
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде