Vrabotuvanje.com - Агент за продажба во Call Center - Скопски - CompanyWall
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Агент за продажба во Call Center

Скопски

Рок за пријавување:


Companywall d.o.o.Македонија

Бонитетната куќа CompanyWall д.о.о. е една од најголемите деловни платформи за проверка на финансиските податоци. Ние ги препознаваме потребите на пазарот и одговараме на нив со цел да го максимизираме подобрувањето на бизнисот за сите економски субјекти на територијата на Република Северна Македонија. Работиме на 6 европски пазари - во Словенија, Хрватска, Црна Гора, Босна, Србија и Велика Британија со тенденција да го прошириме своето работење и во други балкански земји.

Поради постојаниот развој на компанијата, потребни ни се нови членови на тимот на позицијата:

АгентИ за продажба во Call Center на македонски и албански јазик

1. Агент за продажба на македонски јазик
2. Агент за продажба на албански јазик (со познавање на македонски и албански јазик - одлично зборување и пишување)

 

Опис на работата и одговорности:

  • Комуникација со нови и постоечки клиенти
  • Презентација на услуги на бонитетната куќа CompanyWall и договор за соработка
  • Стекнување нови знаења и вештини
  • Редовни тренинзи и бесплатни обуки за нови проекти


Од Вас очекуваме:

  • Одлично познавање на албански и македонски јазик (зборување и пишување)
  • Познавање на основна работа со компјутер
  • Добри преговарачки вештини и амбиции
  • Минимум IV степен на стручно образование
  • Подготвеност да се работи во тим, но и да се носат самостојни одлуки


Ние нудиме:

  • Платена обука, фиксна плата + бонус 
  • Можноста за унапредување и подобрување на техниките на продажба со сигурна заработувачка
  • Работно време 8-16h во работни денови
  • Динамична средина и тимска атмосфера
  • Професионална обука и поддршка во нашиот продажен центар


По закон нудиме:

  • Пријавување од првиот ден
  • Платен топол оброк

Доколку ги исполнувате горенаведените услови, ве покануваме да се пријавите со испраќање на вашата биографија (CV), која може да ја доставите задолжително со пополнет Прашалник преку полето Брза Апликација!

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде