Vrabotuvanje.com - Крупиери - Скопје - Скопје - Ле Гранд Казино
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Крупиери - Скопје

Скопје

Рок за пријавување:

  • Ле Гранд Казино

 

 

 

 

Le Grand Casino Скопје вработува
КРУПИЕРИ со и без работно искуство

 

За кандидати без работно искуство следува вработување по успешно завршена обука

Критериуми за пријава на обуката:

  • Мин ССС
  • Лица постари од 18 години
  • Желба за учење и развој на нови вештини
  • Желба за работа во динамична средина
  • Логичко математички способности
  • Познавање на странски јазик (Англиски)

Доколку се пријавите на обуката добивате:

  • Интензивна едно месечна обука вршена од професионалци од најстарото казино во Македонија
  • Платена обука во износ од 22.500 по успешно завршување
  • Сигурно вработување после успешно завршена обука
  • Основна плата + додатоци на плата согласно Закон за работни односи (Минат труд, Работа во недела, Работа на празник, Ноќна смена, Прекувремено работно време) + типс согласно правилникот за бодирање на типсот за ова работно место
  • Можност за напредок согласно направените евалуации од страна на претпоставените лица
  • 50% попуст на сместување во сместувачките капацитети на Ресорт Маврово

Професионалните Крупиери се вешти во различни игри на маса, поседуваат одлични комуникациски вештини и имаат изразени математички способности.

Работни одговорности за Крупиер:

  • Ги знае, применува и почитува правилата и прописите на игра на маса (Блек Џек, Покер, Рулет)
  • Ја спроведува играта во согласност со правилата на секоја игра посебно, прима уплата и врши исплата на влоговите.
  • Знае умешно и спретно да дели карти, ракува со жетони и сл.
  • Точно, прецизно и брзо дели одреден број карти на сите играчи (зависно од играта).
  • Брзо, точно и прецизно ги пресметува (на памет) износите на добивките или загубите на играчите.
  • Ги знае и се придржува до максималните и минималните влогови и исплати за секоја игра посебно.

Критериуми за пријава за Крупиер:

  • Мин ССС
  • Лица постари од 18 години
  • Искуство на иста позиција мин. 2 години
  • Техничко познавање на игрите и нивните правила
  • Логичко математички способности (пресметување на памет влогови, добивки и исплати)
  • Изразени перцетивни способности и насоченост на детали
  • Познавање на странски јазик (Англиски)

Доколку се вработите во нашето казино:

  • Основна плата + додатоци на плата согласно Закон за работни односи (Минат труд, Работа во недела, Работа на празник, Ноќна смена, Прекувремено работно време) + типс согласно правилникот за бодирање на типсот за ова работно место
  • Можност за напредок согласно направените евалуации од страна на претпоставените лица
  • 50% попуст на сместување во сместувачките капацитети на Ресорт Маврово

Локација: Ле Гранд Казино Скопје (во Хотел Холидеј Ин)

Како да аплицирате: Пратете ни ја Вашата апликација преку Брзата Апликација и во Subject наведете Обука за Крупиер / Крупиер во Ле Гранд Казино Скопје.

Лице за контакт: Анастасија Каранфиловска Човечки ресурси, Ле Гранд Казино.

Рок за пријавување на огласот: 26.04.2024 год.

Disclaimer:

  • Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
  • Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
  • Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
  • Ле Гранд Казино е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Туризам и Угостителство изнесува 20.094 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде