Vrabotuvanje.com - Оператори во производство - Куманово - Куманово - БУЧЕН КОЗЈАК ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Оператори во производство - Куманово

Куманово

Рок за пријавување:

  • БУЧЕН КОЗЈАК ДОО
  • Адреса: Козјачка бр. 11 Доброшане, 1300 Куманово
  • Веб страна: http://www.bucenkozjak.mk

Млекара Бучен Козјак ДОО, со производствени капацитети во Куманово е компанија која повеќе од 35 години се занимава со преработка и производство на млеко и млечни производи по традиционална рецептура.

Природниот вкус на производите е тоа што ја прави млекарницата препознатлива на пазарот. Долгогодишното постоење на „Бучен Козјак“ зборува за дисциплинираноста во работењето, а сето тоа е препознаено од страна на потрошувачите и е наградено со нивната доверба. Она што Бучен Козјак го прави препознатлив бренд е производството на квалитетни млечни производи кои се создаваат во креативна работна атмосфера.

Бучен Козјак ја негува својата политика за квалитет, посветено работи кон остварувањето на поставените цели и се стреми кон усовршувањето на производствените капацитети и персоналот, како и унапредување на работната атмосфера.

Бучен Козјак го проширува својот тим и е во потрага по динамични и енергични кандидати.
 
 

ОПЕРАТОРИ ВО ПРОИЗВОДСТВО
 

Локација: Куманово

Бучен Козјак вработува кандидати за следниве работни позиции:

  • Оператори во производство - течна програма;
  • Оператори во производство - тврда програма.

Работни услови:

  • Активно учество во подготовка за производство, полнење на млеко, амбалажирање на производи, асистенција на оператор/мајстор, одржување хигиена и други задачи дадени од претпоставен;
  • Способност за работа во смени;
  • Одржување на високо ниво на хигиена и пополнување чек листи;
  • Способност да манипулира со тежина од 20 кг.

Ние ви нудиме:

  • Редовни месечни примања со сите додатоци по закон;
  • Исплата на регрес за годишен одмор;
  • Доплата за работа во недела и празници;
  • Доплата за минат труд;
  • Ваучер за склучување на брак;
  • Ваучер за новороденче;
  • Колективно осигурување;
  • Приватно здравствено осигурување за лојални вработени;
  • Јубилејни награди и признанија;
  • Пакет производи за празници;
  • Можност за учење и напредување.
     


​Сите заинтересирани кандидати можат да испратат кратка биографија преку полето Брза Апликација, или да се јават ја достават својата апликација во фабриката во населба Доброшане.

Само кандидати кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде