Vrabotuvanje.com - Јуниор систем администратор - Скопје - Mozzart
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Јуниор систем администратор

Скопје

Рок за пријавување:

  • Mozzart

Како најголем приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, повеќе од две децении одговорно ја градиме нашата репутација. Нашите почетоци се во 2001 година, со седиште во Белград, за подоцна да ја прошириме работата на уште 10 пазари. Со повеќе од 1.200 работни места и над 5.500 вработени, ние сме апсолутен регионален лидер во оваа индустрија. Посветени сме на развивање и негување на стручноста на нашите вработени, а истовремено се грижиме за напредокот во кариерата. Постојано го подобруваме нашето работење и услуги, следејќи го напредокот во технологијата и поттикнувајќи ги иновациите. Со општествено одговорна работа и грижа за вработените, внимателно изградивме репутација на најпосакуван работодавач.

За потребите на нашето седиште во Скопје потребен ни е
ЈУНИОР СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР


Основни должности:

  • Независно обезбедување help-desk и техничка поддршка, 
  • Aнализа и решавање на проблемите поврзани со крајните корисници и системот, со алатки од далечина или директно на оддалечените локации,
  • Управување и поддршка на компаниската инфраструктура 
  • Инсталација и конфигурација на мрежна, десктоп инфраструктура
  • Работа на проекти и имплементација на разни системи
  • Подесување backup
  • Креирање и ажурирање на налозите на корисниците


Услови:

  • Минимум IV степен средно техничко образование 
  • Високо техничко образование или образование од други сродни ИТ области ќе се смета за предност
  • Поседување на ИТ сертификати (Cisco, Microsoft, Juniper) ќе се смета за предност
  • Минимум 1 година работно искуство на позиција, Техничка поддршка или друга ИТ позиција
  • Искуство во структурно каблирање на LAN мрежи
  • Познавање и искуство во работа со одржување и сервис на компјутерски хардвер (cpu, hdd, motherboard и слично.)
  • Одлично познавање на Windows оперативен систем (Windows 7-8, 10)
  • Искуство во сервис на ИТ опрема од далечина или директно на самата локација
  • Познавање на TCP/IP Протоколи ќе се смета за предност
  • Познавање на мрежна технологија и мрежни уреди- router, switch, firewall (Cisco, Juniper, Mikrotik) ќе се смета за предност 
  • Познавања на Linux и Windows сервер околина ќе се смета за предност
  • Искуство во работење со бренд-сервери (HP, IBM, DELL) ќе се смета за предност
  • Само мотивираност, посветеност, одговорност и самодоверба, независност во работата,способност за работа на повеќе задачи во исто време и под висок притисок, логичко размислување, амбиција за развој и континуирано учење, способност за брзо прилагодување во брзо растечка околина, тимска работа и соработка
  • Возачка дозвола Б категорија, активен возач


Компанијата нуди:

  • Динамична и позитивна работна средина;
  • Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
  • Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
  • Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
  • Работна недела од 38 часа
  • Спортско рекреативни бенефиции- Спортмастер програма

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV да го испратите преку Брзата Апликација. Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате. Краен рок за поднесување на пријавите е 26.05.2024 година.

Ви благодариме на сите кои аплициравте на огласот. Воедно, би сакале да Ве известиме дека ќе бидат контактирани само оние кандидати со кои ќе го започнеме процесот на селекција. Во случај да не бидете контактирани, Ви препорачуваме да продолжите да ги следите нашите огласи и да бидете во тек со отворените позиции.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде