Vrabotuvanje.com - Проектен Координатор - Скопје - МАКЕДОНИЈА 2025
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Проектен Координатор

Скопје

Рок за пријавување:

  • МАКЕДОНИЈА 2025

Организацијата Македонија 2025 е посветена на создавање на просперитетна економска клима во Република Македонија која ќе ги подобри можностите за граѓаните, домашните компании и странските инвеститори. Ние промовираме одржлив економски раст преку поттикнување на конкурентноста, претприемништвото, иновациите и лидерството.

Поради остварување на нашата мисија, бараме високо мотивирани, амбициозни и талентирани лица.

Проектен Координатор

Оглас за работна позиција: Соработник за Атанас Близнакоф програмата за студентска извонредност

Опис на позицијата:
Како Соработник за Атанас Близнакоф програмата за студентска извонредност на Македонија2025, вашите работни обврски ќе вклучуваат:

  • Раководење и спроведување на Атанас Близнакоф програмата за студентска извонредност согласно планот за работа на организацијата;
  • Активности поврзани со развој на годишен план за работа и можности за унапредување на програмата;
  • Координација со сите инволвирани страни во програмата со цел успешна реализација;
  • Поддршка и учество во други проекти кои ги спроведува организацијата;
  • Поддршка на тимот на Македонија2025 и Одборот на директори при други тековни и административни задачи;
  • Други задачи утврдени со планот за работа на организацијата.

Услови за работа:

  • Позицијата е со работно време од 40 часа неделно во Скопје.
  • Селектираните кандидати првично ќе бидат ангажирани со договор за работа на определено време (6 месеци) што ќе вклучува и обука, со можност за продолжување на договорот и вработување на неопределено време.
  • Месечниот надоместок ќе изнесува најмалку 35,000 денари нето.
  • Работата на Соработникот ќе се оценува најмалку еднаш годишно од главниот извршен директор и претседателот на Одборот на директори на Македонија2025, врз основа на однапред утврдени цели. Согласно успешноста, ќе имате право на пораст на платата и/или бонус за успешност.

Квалификации и вештини:

  • Завршени додипломски или магистерски студии;
  • Релевантно работно искуство или соодветен ангажман во раководење и работа на проекти од најмалку 2 години;
  • Одлични комуникациски вештини, со високо ниво на говорен и пишан англиски јазик;
  • Напредно познавање на алатките на Microsoft Office (особено Word и Excel) и Google;
  • Аналитичност, прецизност и деталност во работењето;
  • Способност за справување со повеќе разновидни задачи истовремено;
  • Креативност и самоиницијатива, желба за постојано учење и надградување на знаењето;
  • Навременост и строго почитување рокови;
  • Подготвеност за индивидуална и тимска работа;
  • Познавање и верување во мисијата на Македонија2025.

Рок и начин на пријавување:

Документите кои ги докажуваат горните барања да се достават по електронски пат преку полето Брза Апликација. Документите треба да содржат:

  • Професионална биографија;
  • Мотивациско писмо на англиски јазик (најмногу една страна);
  • Референци од претходни работодавачи/проектни координатори (не е задолжително).

Првичната селекција ќе се спроведе врз основа на доставените апликации. Само избраните кандидати во втор круг ќе бидат повикани на интервју.

Почеток и завршеток на работно време: од 08:00/09:00 до 16:00/17:00 часот, од понеделник до петок.

Рокот за доставување на апликаците е 23 јуни, 2024 година.

Приклучувањето кон Македонија2025 како соработник на образовна програма претставува можност да придонесете кон мисијата на организацијата за поттикнување на образовниот развој и еднакви можности за образование на сите млади луѓе во Македонија

Напомена: Овој опис на работното место е општ опис на одговорностите и квалификациите и може да подложи на промени согласно потребите на Македонија2025.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде