Vrabotuvanje.com - Референт за набавки - Скопје - ДАЛМА ФООД И КЕТЕРИНГ СЕРВИС ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Референт за набавки

Скопје

Рок за пријавување:

  • ДАЛМА ФООД И КЕТЕРИНГ СЕРВИС ДОО

 

 

Поради проширување на капацитетите на производството, тимот на ДАЛМА ФООД И КЕТЕРИНГ СЕРВИС како позната водечка компанија од областа на кетеринг индустријата, лидер во својата област, присутна во 7 градови во земјава која вработува повеќе од 200 лица, има потреба од:

РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКИ

 

Одговорности и задачи

  • Изработка на планови за набавки и планирање на потребите за набавка на суровини
  • Економична и навремена набавка на сите потребни суровини, намирници и материјали за работа за сите работни единици во компанијата
  • Правилно и одговорно планирање на набавките за целокупното работење
  • Прима интерни и екстерни нарачки
  • Координација со шеф на производство и одговорниот за магацинско работење,
  • Следење на пазарот на компании како потенцијални добавувачи, бара и анализира понуди
  • Следи флуктуација на цени
  • Пронаоѓа, предлага и договара нови добавувачи кои ќе понудат побезбедна и поквалитетна суровина
  • Одржува редовна комуникација со постоечките добавувачи
  • Преговара со нови или со постоечки добавувачи за добивање на најдобри услови
  • Води листа на добавувачи
  • Договора термини за достава со добавувачите, согласно процесот и организацијата на работата на компанијата
  • Решава рекламации, поплаки и реакции за квалитетот на производите со добавувачите во интерес на компанијата.

Потребни квалификации:

  • Образование од областа на економијата, бизнис логистика, технолошко- земјоделски науки и храна
  • Завршено високо образование ќе се смета за предност
  • Работно искуство минимум 3 години
  • Професионално познавање на MS Office особено Excel
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Место на живеење Скопје
  • Ефективни комуникациски вештини
  • Иницијативност и одговорност
  • Преговарачки вештини
  • Точност и навременост
  • Организациски способности

 

Услови за работа:

  • Работно време прва смена, од понеделник до петок
  • Интерна обука од страна на компанијата и менаџерот
  • Конкурентна основна нето плата, стимуланси и бонуси
  • Дополнителни законски исплати
  • Регрес за годишен одмор
  • Работа во позитивна средина со можност за напредување
  • Oбезбеден топол оброк
  • Договор за вработување на определено време со можност за негова трансформација на неопределено време

 

Доколку ги исполнувате условите и сте мотивирани за работа испратете ваша биографија преку полето Брза Апликација, со назнака: Референт за набавки.

Селектираните кандидати ќе бидат избрани за понатамошно интервју.

 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде