Vrabotuvanje.com - Асистент за финансиско и материјално работење - Скопје - ДАЛМА ФООД И КЕТЕРИНГ СЕРВИС ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Асистент за финансиско и материјално работење

Скопје

Рок за пријавување:

  • ДАЛМА ФООД И КЕТЕРИНГ СЕРВИС ДОО


 

 

Поради проширување на капацитетите на производството, тимот на ДАЛМА ФООД И КЕТЕРИНГ СЕРВИС како позната водечка компанија од областа на кетеринг индустријата, лидер во својата област, присутна во 7 градови во земјава која вработува повеќе од 200 лица, има потреба од:

АСИСТЕНТ ЗА ФИНАНСИСКО И МАТЕРИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ

 

Одговорности и задачи

  • Проверка на сите влезни фактури и нивна поделба по деловни едници
  • Поделба на трошоци по деловни единици
  • Внес на приеми на роба и нивна проверка
  • Калкулации на фактури со повеќе приеми и проверка на калкулации за сите подружници
  • Проверка на требувања и внес на истите во софтвер
  • Врши пописи, преглед и контрола на пописите направени во сите деловни единици на компанијата и врши нивна споредба со фактичката состојба
  • Секојдневна комуникација со одговорните лица на сите деловни единици поради координација во материјалното работење, следење и прибирање на потребната документација, нивна дообука и сл.
  • Прибирање, подготовка на фактури и калкулации за екстерно сметководство
  • По потреба врши електронско плаќање по налог, уплата на дневен пазар, управување со банкарски изводи
  • Спроведува и врши проверка на ДДВ месечна состојба
  • Изготвува ДДВ пријава
  • Врши контрола дали внесувањата во софтверот се правилни, навремени и точни

Потребни квалификации:

  • Образование од областа на финансии, економија или бизнис администрација
  • Работно искуство во сектор финансии и искуство со работа во софтвер за материјално работење ќе се смета за предност
  • Професионално познавање на MS Office, особено Excel
  • Аналитички вештини и способности
  • Иницијативност и одговорност
  • Точност и навременост
  • Место на живеење Скопје
  • Возачка дозвола Б категорија ќе се смета за предност

 

Услови за работа:

  • Работно време прва смена, од понеделник до петок
  • Интерна обука од страна на компанијата и менаџерот
  • Конкурентна основна нето плата, стимуланси и бонуси
  • Дополнителни законски исплати
  • Регрес за годишен одмор
  • Работа во позитивна средина со можност за напредување
  • Oбезбеден топол оброк
  • Договор за вработување на определено време со можност за негова трансформација на неопределено време

 

Доколку ги исполнувате условите и сте мотивирани за работа испратете ваша биографија преку полето Брза Апликација, со назнака: Асистент за финансиско и материјално работење.

Селектираните кандидати ќе бидат избрани за понатамошно интервју.

 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде